Што ако постои тајна лозинка што може да ве научи како да го добиете тоа што сакате и сè што треба да направите е да ја користите? Би било совршено да постои такво нешто, но сепак, постојат зборови и фрази кои може да ви помогнат да создадете можности таму каде што ги немало порано. Тие фрази може да ви помогнат да влијаете врз луѓето кога барате помош или кога донесуваат одлуки.rnrn
rnrnСепак, фразата што е најубедлива малку ќе ве изненади бидејќи сугерира дека луѓето кон кои е насочена нема да помогнат.rn
Која е магичната фраза што има моќ да влијае врз луѓето?
rn„Знам дека веројатно ќе одбиете, но…“rnrnЗапочнување реченици со оваа фраза кога барате другата личност да ви позајми пари, да ви помогне во нешто или да одвои време за вас има чудна привлечност и ги тера луѓето да го направат токму она што вие сакате да го сторат.rnrnВо 2016 година, научник побарал помош од над 640 луѓе на улиците на Франција за донирање средства на организација што им помага на децата.rnrnВо половина од случаите кога им пристапил на луѓето, тој ја започнувал својата изјава со: „Веројатно сте запознати со организациите што им помагаат на децата со здравствени проблеми. Се прашувам дали би можеле да ни помогнете така што ќе донирате средства“. На останатите луѓе им пристапил со додавање на магичната фраза наведена погоре: „Веројатно сте запознати со организациите што им помагаат на децата со здравствени проблеми. Знам дека веројатно ќе одбиете, но се прашувам дали би можеле да ни помогнете со донирање?“rnrnСамо 25% од луѓето од првата група донирале нешто, а од втората група, дури 39% од луѓето учествувале со некаква донација. Не само што е поголем бројот на луѓето што донирале од втората група, туку тие донирале повеќе средства.rnrnСо оваа фраза вие им давате можност на луѓето да ја искористат својата слободна волја, па ако некој им посочи дека нема да направат нешто, ќе ги натера да сакаат да го сторат токму тоа, но само ако мислат дека тоа било нивна одлука.rnrnИстражувачите забележале дека постојат и некои други фрази што може да имаат ваков ефект врз луѓето:rn
- rn 011
- „Вие избирате дали ќе прифатите или ќе одбиете, но…“
- „Правете како што сакате, но…“
- „Не се чувствувајте обврзано, но…“
rn 011
rn 011
rn
rnОвие фрази во основа прават да се чувствувате како другата личност веќе да сфатила што сакате да направите и затоа ја отстранила вашата слобода на избор.rnrnТоа ги тера луѓето да дадат позитивен одговор на барањето, наместо да ве одбијат бидејќи сакаат сами да го направат својот избор.rnrnОвие фрази се научно тестирани и е докажано нивното влијание врз одлуките, но немојте да ја злоупотребувате нивната моќ.rnrnПрочитајте како да познаете дали сте под влијание на токсична личност.