Кучиња со три нозе и мачиња без очи… Фотосесијата „Совршени несовршености“ ја слави внатрешната убавина на животните кои успеале да ги надминат нивните физички попречености и да се адаптираат на физичкото слабеење.rnrn

„Една од моите најголеми страсти како фотограф на животни е да ги уловам слатките нежности поради кои секое животно е уникатно и бесценето. Го сакам секое животно кое имам привилегија да го фотографирам, но оние кои се ‘поинакви’ имаат посебно место во моето срце.rnrnТоа се животните кои изгубиле нога, кои се родиле без очи, или сѐ уште имаат лузни од поранешно малтретирање. Голем број од животните со ‘мака’ не само што живеат со својата попреченост, туку се приспособуваат на нивните тела без да се жалат и преживуваат поради нивната одлучност. Тие продолжуваат сакајќи да бидат вклучени во сѐ што можат онолку колку што другите животни можат.“
rnОваа фотосесија им е посветена на Савана и Роуди. Двајцата живееја со радост и достоинство. Нека почиваат во мир.rnrn





















