Светски познатиот портал „Tripadvisor“ секоја година го доделува признанието за најдобри дестинации според изборот на патниците, во зависност од прегледите, од оценките и од коментарите што ги добиле од посетителите претходната година.rnrn
rnrnСпоред тоа, најубавата плажа во Европа за 2020 година се наоѓа на Сицилија.rnrnПлажата наречена „Зајачка плажа“, позната како „Rabbit beach“ (Spiaggia dei Conigli), се наоѓа на островот Лампедуза, кој инаку се смета за едно од најубавите места во цела Италија.rnrnУбавите сини нијанси на морската вода и долгата песочна патека неодоливо потсетуваат на убавините на Карипското Море и на Сејшелите, па оваа плажа заслужено победи во оваа категоријата.rnrnПотоа следуваат плажите Клефтико на грчкиот остров Милос, Лускентајр во Велика Британија и Плаја де Сес Илетес и Ла Конча во Шпанија.rnrnВо продолжение погледнете неколку фотографии од оваа прекрасна плажа.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете кои 7 помалку познати дестинации ќе бидат популарни во 2020 година.
Ова е најубавата плажа во Европа за 2020 година
