КАФЕ ПАУЗА

5 менструални проблеми кои не смеете да ги игнорирате

Иако секоја жена едвај чека да ѝ помине ПМС-от, а потоа и самиот циклус, сепак треба внимателно да се набљудуваат симптомите кои притоа телото ги испраќа. Доколку забележувате кој било од следниве симптоми, не чекајте и веднаш посетете го вашиот гинеколог.rnrn6 менструални проблеми кои не смеете да ги игнориратеrn

Нередовен циклус

rnДоколку ви се случило да ви прескокнале една или две менструации, а не станува збор за бременост, тогаш тоа може да е симптом на нешто опасно како нерамнотежа во хормоните, проблеми со тироидната жлезда, несоодветна диета, премногу вежбање или стрес.rnrnКога менструалниот циклус изостанува, матката може да се надуе и да дојде до пораст на абнормалните клетки (процес кој може да доведе и до рак). Токму затоа не ја одложувајте посетата на гинекологот кој најверојатно ќе ви предложи да ви се испита крвта и да ви се проверат хормоните со цел да се открие за што станува збор и дали има причина за загриженост.rn

Неподносливо болни циклуси

rnДоколку за време на циклусот имате толку силни грчеви што едноставно не можете да ја издржите болката, можеби станува збор за болеста ендометриоза. Оваа состојба вклучува присуство на ендометријалното ткиво на необични места, надвор од матката. Симптомите можат да се појават во кое било време, но жените кои се дијагностицирани со оваа болест, во раните години имале интензивно болни менструации. Токму затоа не го игнорирајте овој симптом и веднаш посетете го вашиот гинеколог.rn

Крвавење помеѓу циклуси

rnИако е сосема нормално да крвавите благо доколку пиете апчиња за контрацепција, не би било лошо доколку веднаш по ваквиот настан го посетите вашиот гинеколог. Како причина, освен апчињата, може да биде и полип на матката или некаков вид бактериска вагиноза.rn

Обилен циклус кој трае подолго од 10 дена

rnДа разјасниме прво што точно значи обилен менструален циклус. Под обилна менструација се подразбира менување на влошката или тампонот на секој час и половина. Доколку ова се случува со вас, не го кријте тоа од гинекологот бидејќи може да станува збор за миом или полип на матката. Во најлош случај, оваа состојба може да предизвика анемија.rn

Неподнослив ПМС

rnПредменструалниот синдром e еден од најлошите периоди во месецот за жената, но доколку во тие денови таа се чувствува неподносливо, тогаш можеби станува за посериозен проблем. На пример, постои таканаречен ПМДН односно предменструално дисфорично нарушување кое клинички има слични симптоми на ПМС, но тие се многу поинтензивни и предизвикуваат отежнато функционирање во работата и социјалниот живот. Некои од симптомите преку кои се манифестира ова нарушување се:rn

    rn011

  • Депресивно расположение, чувство на безнадежност
  • rn011

  • Изразена анксиозност и напнатост
  • rn011

  • Ненадејни промени на расположението
  • rn011

  • Раздразливост, лутина
  • rn011

  • Намален интерес за вообичаените активности, за работата, училиштето или за социјалниот живот
  • rn011

  • Намалена концентрација
  • rn011

  • Слабост, умор, губење енергија
  • rn011

  • Промена на апетитот, прејадување, потреба за одреден вид храна
  • rn011

  • Несоница или зголемена потреба за сон
  • rn011

  • Чувство на губење контрола
  • rn011

  • Телесни симптоми како зголемување на телесната тежина, надуеност, чувствителност и отекување на градите, главоболки, болки во мускулите или зглобовите
  • rn

rn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.