КАФЕ ПАУЗА

3 докажани начини да изгледате одлично на фотографијата на вашата лична карта

Без разлика дали треба да ја обновите вашата лична карта или пак, да се сликате за возачка дозвола или пасош, секоја жена стравува од ужасните фотографии што излегуваа за овие документи. И покрај тоа што не можете да го контролирате осветлувањето во просторијата или пак, трпението на оној што ве фотографира, погледнете ги следниве трикови што вие самите можете да ги направите за да го подобрите вашиот краен резултат.rnrnrn

1. Едноставна фризура и лесна шминка

rnФотографирањето за лична карта е најлош момент да експериментирате со нова фризура или нова боја на кармин. Држете се до она што ви е добро познато и со што изгледате најприродно – тоа значи да ги избегнувате комплицираните фризури и тешките шминки, бидејќи во комбинација со лошото осветлување можат да направат да изгледате уморно и постаро. Тоа што можете да го направите е да ги затемните веѓите и да ги истакнете образите со руменило.rn

2. Поднавалување на главата

rnИако најчесто од вас се бара да гледате право во камерата, сепак можете да се извлечете со мало и незабележително навалување на главата. Доволно е само малку да се свртите кон вашата подобра страна (науката докажала дека кај поголемиот дел од луѓето тоа е левата) со цел да ги намалите сенките на вашето лице и да ја истакнете вилицата.rn

3. Искрена насмевка

rnОбидете се да се насмеете и со очите, а не само да ја подискривите устата бидејќи на тој начин ќе изгледате посвежо и многу поприродно. Во случај да не ви дозволуваат да се насмеете, обидете се уште од сега да вежбате „насмевка“ со очите, односно подзамижување што ќе направи да изгледате позитивно дури иако вашата уста е рамна.rnrnПогледнете ги и овие дополнителни совети за подобра фотографија на личните документи…