КАФЕ ПАУЗА

10 големи невистини кои произлегуваат од романтичните комедии

10 големи невистини од романтичните комедии

Во модерниот свет секојдневно сме изложени на многу романтични комедии кои наголемо ни ги полнат главите со многу невистини за љубовта и пријателството. Ова се десетте најголеми лаги на кои нè учат романтичните комедии.rnrn10 големи невистини од романтичните комедииrn

Слободно може да си разговараш со пријателката за време на час по јога

rnНе, не можете да разговарате со пријателката за време на јога вежби, ниту пак додека сте во теретана. Поради две прости причини: ќе бидете преморени за да трошите енергија на разговор, а и на вашиот тренер не му е по мерак да ве слуша како разговарате за вашиот љубовен живот.rn

Со партнерот секогаш ќе доживувате оргазам истовремено

rnДа, секако.rn

Ќе живеете во огромен, луксузен стан до вашата 25-та година од животот

rnНаидуваме на премногу такви примери. За жал, само во филмовите на младите момци и девојки парите им паѓаат од небо. Ние, обичните смртници ќе треба повеќе да се потрудиме. И тоа е сосема во ред.rn

Девојките секогаш имаат гламурозни работни места во модниот свет

rnНајчесто работат во познат магазин, модна куќа или пак се колумнисти. Нивните работни места се просто прекрасни, работата најчесто им се состои од одење во шопинг и следење на најновите модни трендови и секако, заработуваат доволно за да си пружат секакви луксузи.rn

Ергените се момци со полни џебови

rnОној кои ѝ се додворува на девојката во главната улога е или архитект, или адвокат или доктор. Со други зборови, човекот не знае што да им прави на парите.rn

Вашата најдобра другарка постои само за да ги слуша вашите љубовни маки

rnНајголемите клишеа во романтичните комедии се разговорите меѓу „најдобрите“ пријателки. Девојката која ја има главната улога е центар на универзумот, додека пак нејзината пријателка постои за да ги слуша нејзините жалби, поплаки и љубовни искуства. И секако, за да ѝ донесе кутија со колачи или шише вино кога е тажна.rnrn(1) 10-golemi-nevistini-od-romantichnite-komedii-www.kafepauza.mkrn

Во ред е да се изневерува

rnНе, не е во ред и е страшна работа, и секој излегува повреден од таква ситуација. Само што романтичните филмови така ги накитуваат таквите ситуации што изгледаат просто безболни.rn

Најдобрата другарка ќе ти прости за твојата афера со нејзиниот свршеник или дечко

rnНе, нема. Најверојатно ќе проба да те уништи.rn

Да се поминат границите со твојот најдобар другар од спротивниот пол е одлична идеја

rnНајчесто по многу пијана вечер, на филмовите гледаме како се уриваат границите на машко-женското пријателство. Само што во реалниот живот, тоа не секогаш е така добра идеја.rn

Сосема е во ред да имаш секс за една ноќ

rnГледаме сцени во дискотека – неколку мартини и завршува во стан на човек кој прв пат го гледа. Во вистинскиот живот и не е така забавно бидејќи голема е веројатноста од таквата ноќ да се снесат страшни последици.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.