За жал, не можеме да останеме деца целиот наш живот. Како што минуваат годините, така добиваме сѐ повеќе обврски и сфаќаме колку е сериозен светот на возрасните. Порано или подоцна сите ќе пораснеме, а таа промена знае да биде многу тешка. Не е лесно да се прифати новиот сериозен начин на живот, но обидете се да ги согледате позитивните страни на целата ситуација. Ова се 10-те знаци дека созревате…
rn
1. Сакате да поминувате време со семејството
rnКога сте биле тинејџери, сигурно не сте сакале да присуствувате на сите тие здодевни семејни собири. Веројатно сте претпочитале да поминувате време со вашите пријатели. Но, како што ќе почнете да созревате, така сѐ повеќе ќе уживате во друштвото на семејството и со задоволство ќе одите на сите семејни ручеци, бидејќи тоа ќе биде ваш избор, а не нечија заповед.rn
2. Сакате да седите дома
rnНа сите тинејџери им паѓа многу тешко кога мораат да останат дома додека цело друштво е излезено. Но, сега кога некој ќе ви ги откаже плановите или воопшто не сте ни направиле некакви планови, со нетрпение чекате да дојдете дома и да си посветите време на себе.rn
3. Готвењето и чистењето ви причинуваат необјасниво задоволство
rnГотвењето и чистењето порано сте ги сметале за здодевни обврски кои се ги мразеле и сте одбегнувале да ги правите. Меѓутоа, сега како повозрасни уживате да пробувате нови рецепти и да готвите за други луѓе. Се чувствувате исполнети кога домот ви е чист и кога сѐ ви е средено.rn
4. Времето за спиење е вашиот омилен дел од денот
rnПорано воопшто не сте сакале да спиете и постојано сте си наоѓале причина да останете будни барем уште 30 минути повеќе одошто треба. Сега работите се сменети и одвај чекате да му се придружите на креветот. Сакате да си легнувате во пристојно време и добро да се наспиете.rn
5. Викендите ви служат за да ги довршите работите за кои не сте имале време во текот на неделата
rnПорано викендите сте ги користеле за да се дружите со вашите пријатели, да одите на шопинг или да спортувате. Сега, викендите се совршено време за да чистите, готвите, перете и да ги довршите сите ситни обврски пред да започне неделата.
rn
6. Не се гледате со пријателите секој ден
rnКога сте оделе на училиште, сте можеле да се видите со пријателите минимум 5 пати неделно. Сега, можете се гледате само за време на вечерите и викендите, бидејќи сите се зафатени со работа.rn
7. Сами си ги закажувате лекарските прегледи
rnНе можете да кажете дека сте возрасни ако мајка ви сѐ уште ви ги закажува прегледите на заболекар! Како што созревате, ќе забележите дека оваа обврска ви припаѓа вам и ваша одговорност е да си го закажете прегледот.rn
8. Живеете според вашиот личен распоред
rnКога сте биле помлади, точно сте знаеле како ќе изгледа вашиот ден, бидејќи сте имале само неколку планови кои сте требале да ги запаметите. Сега одите на факултет, на работа, имате состаноци и договорени средби, така што морате да си го проверите распоредот пред да направите нови планови.rn
9. Вашиот метаболизам не работи како порано
rnМалите деца можат да јадат што сакаат кога сакаат. Сигурно сте се прејадувале со сладоледи и колачиња како помлади и не сте имале проблем со вишокот килограми. Но, сега треба да внимавате на исхраната за да изгледате добро. Освен тоа, треба и да вежбате ако не сакате да ја изгубите витката линија.rn
10. Конечно ја разбирате реченицата: „Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“
rnСе сеќавате на оваа ужасна реченица што сте ја слушале од вашите родители? Мислевте дека никогаш нема да се согласите со нив, но сега сфаќате дека тие биле во право. Сега навистина разбирате што сакале да ви кажат со овие зборови!
Во ред е да пораснете. Созревањето е неизбежен дел од животот. Мора да поминете низ таа фаза за да ги постигнете вашите животни цели. Гледајте го тоа како нешто позитивно и фокусирајте се на вашиот напредок.
Во продолжение прочитајте ги и овие 10 знаци дека можеби станувате возрасни.

