Нивото на хормони го одредува вашиот идеален партнер

Сподели

ПРЕГОВАРАЧИ

rnСакаат да знаат како им се чувствуваат пријателите. Имаат бујна фантазија и често се емпатични. Сè доживуваат силно.

Реклама

Многу лесно можат да го сменат мислењето. Го следат своето срце кога треба да се донесе некоја одлука.rn

Добри страни

rnИнтуитивни се и ги сакаат луѓето, а и сакаат да бидат сакани. Тие се дипломати и претпазливи.rn

Лоши особини

rnСклони се кон депресија.rn

Совет како да се однесувате во врската

rnАко сте заинтересирани за истражувач, немојте лесно да потклекнете на неговиот шарм, сè додека не сте сигурни дека навистина посакува врска. Бидете свесни дека градителот не поставува прашања за да ве критикува. Ако сакате да го освоите управувачот, бидете директни и отворени. Ако сте во врска со друг преговарач, пробајте да ги избегнете бесконечните расправии и анализирање на врската.rn

ГРАДИТЕЛИ

rnСакаат цврсти правила. Почитуваат авторитет. Ги испитуваат сите опции пред да донесат одлука. Сакаат да планираат однапред. Внимателни се. Ја почитуваат традицијата.rn

Добри страни

rnЛојални се и одговорни, и имаат одредени морални начела.rn

Лоши особини

rnСметаат дека го знаат вистинскиот начин како да ги решаваат работите и знаат да бидат доста тврдоглави.rn

Совет како да се однесувате во врската

rnАко сте во врска со истражувач, воздржете се од распрашување. Игнорирајте ги брзите одлуки на управителот. Зборувајте за себе со преговарачот. Доколку сте во врска со друг градител, тој ќе знае да ве цени онакви какви што сте.rn

Најчести комбинации меѓу групите

rnИстражувачите главно бираат истражувачи за животни партнери, а најмалку се склони кон лицата со управувачки способности.

Градителите најмалку се склони кон преговарачите, а најслични им се другите градители и обично бираат луѓе со слични особини.

Управувачите најмногу бираат преговарачи, а со преговарачите е обратно – тие најмногу ги бираат управувачите за свои партнери. Женските преговарачи, пак, најчесто ќе се решат за личност која сака предизвици и која спаѓа во истражувачите.

Статистички гледано, најмали изгледи за долга врска имаат истражувачите кои се во врска со друг истражувач. Најсигурна комбинација е градител со градител, и тоа обично се браковите кои траат со децении.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира