Иако не постојат докази за многу работи, експертите кои ги проучуваат животните велат дека заради нивниот многу развиен вид, мирис и слух, тие можат да го „чувствуваат“ она што луѓето не можат.rnrn
rnrnГолеми се шансите дека вашето милениче ќе почувствува дека ќе има земјотрес или друга катастрофа долго време пред вас. На крајот на краиштата, кучињата веќе долги години се користат при пронаоѓање дрога или скриени бомби. Колку и да е страшно, навистина е добро да имате ваш алармен систем на „четири нозе“.rnrnСе разбира, треба да се има предвид дека тие не се семоќни, но има ситуации во кои можат да нè предупредат за катастрофи и со тоа да ни го спасат животот.rnrnЕве што тврдат експертите за претчувството на миленичињата. Тие велат дека животните може да насетат присуство на:rn
Страв
rnНекои луѓе мислат дека кучињата и мачките можат да чувствуваат страв. Можеби не е вистина, но некои животни имаат способност да го интерпретираат говорот на телото и мирисот на феромонот и можат да почувствуваат кога некое лице се плаши од нешто, велат експертите од „Animal Animalet“.rnrnВо основа ова е загатка. Имено, животното ги апсорбира сигналите што човекот ги испраќа и од нив чита дали тој е исплашен, среќен, тажен и слично.rn
Дали сте добар човек?
rnПостојат луѓе кои веруваат дека миленичињата не се ништо повеќе од хуманоидни форми кои само си играат и спијат. Сепак, многумина им веруваат во инстинктите на своето милениче и нема да се дружат со луѓето кои не се „одобрени“ од него.rnrnНо, дали вашето куче или мачка навистина можат да се чувствуваат дали некој е доверлив или не?rnrnСпоред студијата во списанието „Animal Cognition“, кучињата всушност би можеле да ја поседуваат оваа суперсила. Студијата открила дека еднаш кучето ги проценува знаците и постапките на една личност по нивната сигурност.rnrn
rn
Тие предвидуваат смрт
rnКога ги гризат жиците или бркаат капаче од некое шише, мачките не изгледаат многу продуховено. Сепак, познато е дека тие предвидуваат дека некој ќе умре, што е многу морбидно. Ова не значи дека тие тоа јасно го покажуваат, но имаат можност да делуваат сугестивно.rnrnЕдна приказна во списанието „New England Journal of Medicine“ детално ја опишало мачката Оскар како „предвидувач“ на тоа кога пациентите во еден старечки дом ќе умрат. Таа седнувала до нив само неколку часа пред смртта.rnrnВо средновековието, мачката можеби била прогласувана за вештерско суштество, но модерната медицина открила дека материите што ги испушта човечкото тело пред да умре им овозможуваат на мачките да ги „помирисаат“.rn
Природни катастрофи
rnПо некоја природна непогода, луѓето честопати известуваат дека нивното милениче се однесувало чудно во моментите пред земјотресот или торнадото. Може ли животните да претчувствуваат катастрофа?rnrnИако веб-страницата „Science ABC“ објави дека нема научни докази кои сугерираат дека тие можат да го прават тоа, фактот дека тие гледаат, мирисаат и слушаат работи што луѓето не можат да ги почувствуваат со сетилата, укажува дека миленичето може да биде свесно за тоа што се случува пред луѓето да сфатат што се случува.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и наодите од ова застрашувачко истражување дека луѓето уништиле 83% од сите диви животни на Земјата.