10 години бевме целосно посветени на безвременската ТВ серија „Пријатели“ (Friends). Иако нашите омилени ликови се разделија пред повеќе од 13 години, нивните љубовни триаголници, урнебесни разговори во кафулето „Централ Перк“ и модните комбинации во стилот на 90-тите засекогаш ќе останат во нашите срца. Доколку сакате да се потсетите на старите добри времиња, прочитајте ги овие незаборавни реплики од ТВ серијата „Пријатели“…rn
Беспрекорните совети на Чендлер
rn
rn
„Не знам да давам совети. Може да ти понудам саркастичен коментар?“
rnАко некогаш побарате совет од некој љубител на серијата „Пријатели“, очекувајте безначаен, но забавен и саркастичен коментар како одговор.rn
Логиката на Рејчел
rn
rn
„Немаш матка, немаш мислење.“
rnДали можете да истиснете мал човек од вашето тело? Не? Тогаш немате право ни на свое мислење!rn
Искреноста на Моника кон Рејчел
rn
rn
„Добредојде во вистинскиот свет! За никаде е. Ќе го обожаваш!“
rnНа Моника ѝ е многу добро познато колку е тешко да си невработен во реалниот свет.rn
Добропознатата реплика на Џои со која освои многу срца
rn
rn
„Како си ми?“
rnАко сакате да ја испробате оваа реченица за да им се „пуштате“ на девојките, ние ви советуваме да ја употребите оригиналната „How you doin“ верзија, бидејќи не постои човек кој нема да ве разбере!rn
Мотивациската стратегија на Чендлер
rn
rn
„Сакам да почнам со пиење наутро. Немој да ми велиш дека немам цели!“
rnВоопшто не е за потценување оваа амбиција!rnrnПродолжете на следната страница за да се потсетите и на останатите урнебесни реплики…rnrn
