КАФЕ ПАУЗА

13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓе

13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓе

Written by

in

,

Сите знаеме дека постојат многу чувствителни луѓе, но какви се тие навистина? Иако, на прв поглед делува како овие луѓе да се поемотивни од останатите, работите не се баш такви какви што изгледаат. Најчувствителните луѓе освен што се емотивни, поседуваат и голема интуиција и емпатија. Само 20% од луѓето во светот се одликуваат со оваа особина. Можеби сметате дека оваа карактеристика е негативна, но тоа воопшто не е така. Напротив, оваа особина е еден вид супермоќ што им овозможува на чувствителните луѓе да забележуваат и чувствуваат работи што останатите не можат да ги забележат. Во продолжение дознајте за што станува збор…rnrn13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓеrn

1. Неволја

rnНезгодните ситуации обично се случуваат ненадејно и ги „фаќаат“ повеќето луѓе неподготвени. Тоа не важи и за најчувствителните поединци! Тие ја „намирисуваат“ неволјата уште пред да се случи. Останатите можеби на почетокот се сомневаат во нив, но со текот на времето се обелоденува вистината. Тие имаат силна интуиција за нештата што им се случуваат, особено за негативните.rn

2. Необичен звук

rnКај најчувствителните луѓе не се изразени само чувствата и емоциите. Тие исто така имаат развиени сетила за сите дразби околу нив, вклучувајќи ги и звуците. Кога ќе започне некој чуден звук, без разлика дали станува збор за расипан фрижидер или гласен врисок, емотивните поединци веднаш ќе го чујат.rn

3. Хемикалии

rnДали имате пријател кој веднаш штом ќе стапне во вашиот дом може да препознае што сте чистеле и кое средство сте го користеле? Ако одговоривте потврдно, треба да знаете дека се работи за многу чувствителна личност. Многу емотивни луѓе ги чистат домовите со природни производи, бидејќи мирисот од хемиските средства за чистење им пречи, па дури и им создава мачнина. Истото важи за бензинот и за другите хемикалии со силен мирис.rn

4. Нељубезен поттекст

rnНа многумина им требаат повеќе сигнали за да сфатат дека некој им дал нељубезна забелешка, но чувствителните поединци веднаш го забележуваат тоа.rn

5. Иритирачки звуци

rnСите иритирачки звуци како што се кликање на пенкалото и гласно џвакање на храната, ги полудуваат чувствителните луѓе уште пред да ги забележат останатите.rn

6. Промени на температурата

rnНајчесто не ни влијаат малите промени во температурата. Но, најчувствителните луѓе можат да ја почувствуваат и најмалата промена од топло во ладно и обратно.rn

7. Тага

rnНа најголемиот дел од луѓето им треба повеќе време за да забележат дека некој е тажен. Меѓутоа, најчувствителните поединци ја чувствуваат тагата веднаш што ќе се најдат во близина на несреќен човек.rnrn13 работи што најчувствителните поединци ги забележуваат пред повеќето луѓеrn

8. Премногу отворени простори

rnИако повеќето од нас не забележуваат колку е отворен некој простор, чувствителните луѓе го забележуваат тоа. Ова се случува, бидејќи нивните сетила се изложени на преголема стимулација како последица на премногу отворениот простор.rn

9. Уметност

rnСте чуле некогаш за Стендаловиот синдром? Тој се случува кога некој човек е толку обземен со уметноста што буквално не може да прави ништо друго, како последица од интензивните чувства кон одредено дело. Најчувствителните луѓе можат да забележат ремек-дело многу порано од останатите.rn

10. Љубов

rnИ покрај тоа што некои парови не сакаат да откриваат многу работи за нивните врски, тоа не им успева со најчувствителните луѓе, бидејќи тие го чувствуваат интензитетот на љубовта дури и пред самите партнери.rn

11. Болка

rnСите имаат одреден праг на толеранција на болка, но тој кај чувствителните луѓе е многу низок. Токму поради тоа, овие луѓе ја забележуваат болката пред останатите.rn

12. Страшна тема во филм или место

rnСтрашните книги, филмови и ситуации не се за најчувствителните луѓе, бидејќи сензацијата што ја доживуваат е премногу силна. Тие ќе забележуваат скриените ужаси во целата содржина, што многумина од нас најверојатно би ги пропуштиле.rn

13. Силна светлина

rnИсто како што звуците и мирисите им влијаат на чувствителните луѓе, така и светлината има интензивно влијание на нив. Ако светлото е премногу светло или темно, најчувствителните луѓе веднаш го забележуваат тоа пред останатите.rnrnПрочитајте ги и следниве 10 супермоќи на пречувствителните луѓе кои ги издвојуваат од другите.