КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаеле

Неверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаеле

Времето е релативен поим. Кога ни е здодевно на работа имаме чувство дека бавно минува, а од друга страна кога имаме краток рок за извршување важна задача, ни се чини дека времето лета како лудо. Во продолжение прочитајте неколку интересни факти за времето.rnrnНеверојатни факти за времето кои можеби и не сте ги знаелеrn

1. Живееме во минатото

rnОва можеби звучи како некое сценарио од научно-фантастичен филм, но секој човек на Земјата живее „во минатото“. Нашиот мозок има моќ да ги перципира настаните приближно 80 милисекунди откако ќе се случат. Затоа, според физичарите не постои „сега“, а живеењето на сегашниот миг е целосна илузија.rn

2. Денот порано траел 18 часа

rnПред 1,4 милијарди години, еден ден на Земјата траел околу 18,7 часа. Нашите денови сега се подолги како резултат на гравитацијата на Месечината што ја забавува ротацијата на Земјата. Експертите пресметале дека на секои 100 години денот се продолжува за 0,002 секунди.rn

3. Во некои делови на Кина Сонцето изгрева во 10 часот

rnГолемите земји како Канада и САД имаат неколку временски зони. Кина, од друга страна, има само една. Најнаселената земја во светот го утврдила времето во Пекинг за стандардно време за да го поттикне единството меѓу нејзините граѓани. Сепак, ова води и до интересни детали. Два града во истата земја на речиси иста географска широчина можат да го дочекаат изгрејсонцето со временска разлика од неколку часа.rn

4. Германците први ги поместиле часовниците

rnГерманците биле првите кои го вовеле летното сметање на времето и тоа за време на Првата светска војна на 30 април 1916 година.rn

5. Времето се смета околу 12.000 години

rnНајстариот лунарен календар кој е пронајден досега датира од 10.000 година п.н.е., а е пронајден во близина на Рим, Италија.rn

6. Часовниците на рекламите секогаш покажуваат исто време – 10 часот и 10 минути

rnДоколку сте љубители на часовници, сигурно досега сте забележале дека во повеќето реклами и продавници часовниците покажуваат исто време – 10 часот и 10 минути. Ова не е никаква случајност, напротив. Кога стрелките на часовникот се наместени во оваа позиција, логото на брендот доаѓа најмногу до израз, а според истражувањата тоа е токму она што нè поттикнува да купуваме повеќе.rnrnОткако ги прочитавте овие занимливости за времето, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr