КАФЕ ПАУЗА

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Едноставни и интересни начини како да се храните поздраво

Сите знаеме дека правилната исхрана е многу важна, а уште како мали ни велеле да се храниме здраво. Да јадеме многу овошје и зеленчук, да пиеме многу вода, да одбегнуваме слатки и брза храна… но не можеме секогаш, нели? Нутриционистите даваат неколку лесни и интересни начини за тоа како можеме секојдневно да се храниме поздраво.rnrnЕдноставни и интересни начини како да се храните поздравоrn

Банани наместо сладолед

rnИако обожувате да јадете сладолед, ве гризе совест дека не се храните доволно здраво? Не мора да се одрекувате од слаткото задоволство. Замрзнете неколку банани, а потоа подгответе ги во блендер. Ќе го имате истото она чувство дека јадете нешто добро и калорично.rnrnЕдноставни и интересни начини како да се храните поздравоrn

Спанаќ

rnПравете си ги јадењата кои ги сакате, но додавајте спанаќ во нив. Додадете свеж и добро измиен спанаќ во пилешко, сендвич, омлет… Спанаќот содржи растителни влакна, антиоксиданси, витамин А и носи многу благодети за вашиот организам. Спанаќот е еден од најуспешните борци против рак.rnrnЕдноставни и интересни начини како да се храните поздравоrn

Семе од лен

rnДодадете семе од лен во вашата плескавица или кога подготвувате палачинки. Покрај тоа што има добар вкус, семето од лен, е вистински пријател на срцето.rnrnЕдноставни и интересни начини како да се храните поздравоrn

Сечкан зеленчук

rnДодавајте сечкан зеленчук во вашето јадење секогаш кога имате можност, особено во подготовка на сосови за месо или тестенини. Тиквичките, морковите и кромидот одат одлично со сос од домати и плус прават да изгледа подобро.rnrnЕдноставни и интересни начини како да се храните поздравоrn

Салса сос

rnНаправете си свој салса сос. Многу лесно ќе го направите, преполн е со витамини и има многу здравствени придобивки. Исечкајте ги на коцки следниве состојки: домати, кромид,  авокадо, жолти пиперки. Додадете сечкан магдонос, целер, црн пипер, сол и малку исцеден лимон.rnrnЕдноставни и интересни начини како да се храните поздравоrn

Здрави грицки

rnВо вашата торба носете мало пакување бадеми за кога ќе добиете нагон за закуска. Калорични се и заситуваат, но се многу поздрави за разлика од чипсот или слатките.rnrnЕдноставни и интересни начини како да се храните поздравоrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.