Скијачките скокови се популарна спортска активност која за многумина е една од најопасните. Таа од спортистите бара вештина, физичка подготвеност и храброст.
Но, без разлика дали се плашите од овој спорт или пак ве полни со адреналин, сигурно ќе се воодушевите од ова видео. Норвешкиот скокач Андрес Јакобсен ни овозможува да полетаме заедно со него благодарение на видеото кое го направил со GoPro спортската камера HD HERO3+, која ја носел за време на еден тренинг во Лилехамер.
Воодушевува смиреноста на спортистот и чувството дека „летот“ трае многу долго, толку долго што ќе почувствувате како вие да летате над снежната патека.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

