Оваа година дефинитивно ќе им кажеме збогум на многу мејкап трендови во кои до скоро сме се „колнеле“. Но, времињата се менуваат, исто како и нашите мејкап опсесии и затоа им посакуваме добредојде на новите трендови за 2017-та година.rnrn
rn
1. Сјајно, не мат
rnМинатата година беше во знакот на мат кармините, без разлика на тоа дали се во потемни или посветли нијанси, но оваа година ги менуваме за оние сјајните, едноставно, вкусни и примамливи за бакнежи. Доколку не сакате впечатливи бои кои дополнително светкаат, тогаш ви предлагаме да изберете безбоен сјај кој дискретно ќе ги нагласи вашите усни и ќе ви даде свеж и природен изглед.rnrn
rn
2. Оставете ја кожата да дише
rnВо согласност со претходно наведеното, оваа година им велиме збогум и на контурирањето, стробингот и останатите видови „малтерисување“ на лицето. Оваа година ја оставаме кожата да дише. Да биде природна. Да биде своја. Во таа смисла, акцентот е ставен на природниот, свеж тен и руменилото со кое ќе обезбедите здрав и блескав изглед.rnrn
rn
3. Светкави усни
rnМодните недели лансираа нов, неодолив мејкап тренд – светкави усни! И тоа баш светкави. Подлогата може да биде кармин во која било боја која понатаму ќе ја збогатите со раскошни светки, а сето тоа ќе направи да изгледате гламурозно и секси.rnrn
rn
4. Природни веѓи
rnУште неколку мејкап производи би требало да ги исфрлите од вашиот несесер. На пример, сенките или моливите за веѓи. Оваа година во мода се природни, рамни веѓи кои навистина треба да ги оставите да бидат она што се. Евентуално, можете да испробате некои од геловите за обликување, а тоа е навистина единственото нешто кое ви е потребно за вашиот поглед да биде впечатлив и флертувачки.rnrn
rn
5. „Недовршен“ ајлајнер
rnАјлајнерот во оваа година ќе го носиме на нов, „недовршен“ начин. Пред сѐ, на долните капаци, а потоа и „извлечен“ од средината на окото кон надворешните агли. Нема потреба да го исцртувате целото око, бидејќи и на овој начин ќе постигнете сличен ефект. Заедно со малку маскара, вашите очи ќе бидат впечатливи и секси.rnrn
rn
6. Розовата е новата крем боја
rnРозовата боја од модните комбинации се сели во мејкап сферата, дури и се заканува дека ќе ги замени сите останати неутрални нијанси. Одлучете се за сенка, кармин или руменило – нема воопшто да погрешите.rnrn
rn
7. Металик отсјај
rnМеталик ајлајнерот е задолжителен за оваа година! И тоа уште подобро доколку е во некоја „луда“ боја. Нагласете ги вашите очи на овој начин и остатокот од шминката нема да ви биде потребен.rnrn