Необично 7-годишно пријателство: Ајкула доаѓа да си игра со овој нуркач секогаш кога ќе го види

Сподели

Рик Андерсон живее во Австралија и има навистина необична пријателка. Неверојатно, но тој си игра со едната иста ајкула секогаш кога нурка!rn

„Почнав да си играм со неа пред околу 7 години кога таа беше бебе и беше долга само 15 центиметри. Внимателно ѝ се доближив за да не ја исплашам и почнав нежно да ја галам. Кога се навикна на мене, ја држев во рака и милно ѝ зборував“, открива нуркачот.

Реклама

rnАндерсон нурка веќе 27 години и има свое училиште за нуркање.

rn

„Како што изминуваа годините, таа ме препознаваше и доаѓаше да си игра секогаш кога ќе ме видеше. Толку се навикна на мене, што ќе ми се доближеше и ќе ми ги потчукнеше нозете за да ја погалам. Кога други нуркачи ќе го видат нашето пријателство, не можат да им поверуваат на очите.“

„Не ја хранам ниту неа ниту другите ајкули со кои си играм. Едноставно се однесувам со нив како да се кучиња“, објаснува Андерсон.

rnОва пријателство дефинитивно ќе ви го смени мислењето за навидум крвожедните ајкули!

Би сакале ли и вие да имате ваков необичен пријател?

Популарно

Може ќе ве интересира