Сте размислиле некогаш колкаво е влијанието на телевизијата врз нашите животи? Колку бескорисно потрошено време поминуваме пред ТВ екраните додека истовремено им дозволуваме на оние од другата страна да ни ги перат мозоците? Веројатно сте помислиле и тоа многупати, но сепак нема ден да помине, а вие да не го изгледате ТВ дневникот на вашиот омилен канал, омилената ТВ серија или некое забавно шоу. Тоа во умерени граници секако е во ред, а стрипчето во продолжение само ќе ве потсети на реалната вистина за телевизијата, која е добро понекогаш да нѐ затресе и да нѐ извади од фотелјите во кои удобно чекаме да ни помине животот.rnrnГладен сум. – Нарачај пица со тројно месо!rnrnСиромашен сум… – Набави кредитна картичка!rnrnСакам да се забавувам! – Купи ја оваа видеоигра!rnrnНе се чувствувам исполнето. – Купи нова кола!rnrnПак сум гладен. – Нарачај хамбургер со тројно месо!rnrnСега ме боли стомак! – Земи го леков, одма ќе ти олесни. Гарантирано!rnrnСакам да најдам добра жена и да основам семејство. – Тоа бара многу работа, наместо тоа гледај го порново.rnrnМногу ми се допаѓа ова! Би можел да гледам цел ден. – Продолжи. Според експертите мастурбирањето е добро за тебе.rnrnИмпотентен сум… – Земи го леков!rnrnДебел сум, не сум добар со здравјето, во долгови сум, примам премногу лекови и пак не се чувствувам исполнето! – Пробај го новово пиво и заборави на своите проблеми!rnrnСакам да го направам светот подобро место за живеење! – Гласај за политичарот „А“ и тој ќе го направи тоа за тебе!rnrnСѐ што ми кажа да направам беше погрешно. Те гасам сега! – Чекај, гледај го ова реално ТВ шоу! Ќе почувствуваш инстантна забава!rnrnrnrnВремето истече.rnrn
„Ако го сакате животот, не губете си го времето, бидејќи времето е она од што животот е составен.“ – Брус Ли