(ФОТОГАЛЕРИЈА) Тони Зен ја забавуваше публиката во Аеродром: „Од срце за Аеродром“ ја дополни атмосферата на Red Bull Half Court

Сподели

Покрај динамичните натпревари во 3×3 баскет, Red Bull Half Court во Парк „Авионче“ донесе и одлична музичка атмосфера. На настанот, кој викендов ја собра публиката во Општина Аеродром, специјален гостин беше Тони Зен.

Реклама

Неговиот настап одлично се вклопи во урбаниот карактер на турнирот — баскет, публика, летна енергија и музика што ја раздвижи целата локација. Посебно внимание привлече и неговата нова песна „Од срце за Аеродром“, која симболично се совпадна со местото каде што се одржа настанот.

Red Bull Half Court оваа година се одржа во Парк „Авионче“, каде што натпреварувачите се бореа за титулата национален шампион и за можноста да ја претставуваат Македонија на светското финале на Филипини.

За музиката беше задолжен Irie Scratch,а настанот го водеа Димитар Атанасовски и Никола Митрески – Niklemanija, а публиката уживаше во спој на спорт, музика и викенд-дружење.

Со ваква атмосфера, Аеродром уште еднаш покажа дека знае да биде центар на урбани настани што ги обединуваат спортот, забавата и локалната енергија.

Погледнете ја фотогалеријата низ објективот на Кафе пауза:

 

Најново

Може ќе ве интересира