Брзиот метаболизам најчесто се пренесува генетски, па луѓето го наследуваат од своите родители. Ако вашиот метаболизам работи во границите на просекот, тогаш најверојатно нема ни да го забележувате, но ако работи забрзано, постојат големи шанси дека едноставно не можете да го игнорирате. Со неколку зборови, метаболизмот е процес што ја претвора храната во енергија, па ако сакате да знаете дали кај вас овој процес е забрзан, продолжете со читање.rnrn
rn
1. Често ви е топло
rnАко постојано ви е топло и често се потите, дури и кога другите околу вас се чувствуваат сосема пријатно, тоа може да биде знак дека имате метаболизам.rn
2. Постојано сте гладни
rnДодека топлината и потењето се надворешен знак за брзиот метаболизам, постои и еден внатрешен – луѓето со брз метаболизам се постојано гладни бидејќи нивното тело постојано согорува енергија.rn
3. Потребни ви се повеќе оброци
rnУште еден вообичаен знак за брз метаболизам е ако ви се јаде почесто отколку на другите, и ако најчесто јадете повеќе од нив без да се одрази тоа на вашата тежина.rn
4. Често ги празните цревата
rnГладот и честото празнење на цревата се последица на брзината со која метаболизмот ја обработува храната. Но, имајте на ум дека пречестото празнење на цревата може да биде знак и за синдромот нервозни црева, па доколку ви се случува ова, не е лошо да позборувате со доктор.rn
5. Имате многу енергија
rnМетаболизмот ја одредува брзината со која храната се обработува и претвора во енергија. Како последица на бавниот метаболизам, некои луѓе се забавени и немаат многу енергија, додека пак, оние со брз метаболизам најчесто се хиперактивни и постојано во движење.