КАФЕ ПАУЗА

6 оригинални начини да го користите ајлајнерот

Мејкап артистот Лиз Оливер ни предлага 6 колоритни и сосема неочекувани изгледи на очите кои ви препорачуваме да ги пробате уште викендов. Храбри се и неконвенционални, но одлични за пролетните и летните денови.rn

1. Сино омбре

rnОкеанско сините очи изгледаат одлично во лето, особено доколку сте на одмор покрај море. Целото око е исцртано со светла интензивна сина, а потоа линијата е помешана и замачкана со потемна нијанса одозгора, повлечена од средината кон надворешните агли на окото за да се постигне побогата димензија.rnrn1-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mkrn

2. Розов акцент

rnВеројатно розовата не е првата боја по која би посегнале за да ги нашминкате очите, но оваа идеја може да ви се допадне. Линија во силна дреч розова боја (не нежни или бледи нијанси), преку горниот или долниот капак изгледа неверојатно добро. Нанесете и сенка во прав врз течниот ајлајнер за да постигнете попигментен впечаток.rnrn2-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mkrn

3. Негативен простор

rnЗа неконвенционален изглед кој ќе ви ги отвори очите, создадете негативен простор така што ќе нацртате тенки испрекинати линии со ајлајнер.rnrn3-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mkrn

4. Метално и светкаво

rnСветките изгледаат многу покул кога се во асфалтно сива боја. Задржете го моливчето само на 3 точки.rnrn4-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mkrn

5. Колорно блокирање

rnРаспрсканите виножита кои одат сè до коската кај веѓата изгледаат одлично на модните писти, но тешко се постигнуваат. Трикот е да се држите до комплементарните основни бои при комбинирањето и да имате мирна рака додека нанесувате прецизни чисти линии.rnrn5-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mkrn

6. Моќни линии

rnОвој мејкап дава впечатлив изглед кој потсеќа на раширени крилја, кои треба да бидат тенки и убаво подигнати нагоре. Не трудете се да ја споите горната линија. Едноставно повлечете од делот каде што се создаваат брчките.rnrn6-6-originalni-nachini-da-go-koristite-ajlajnerot-kafepauza.mkrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.