Често се разговара за центиметрите на мажите кога станува збор за секс, но што е со жените? Јасно е дека мажите се свесни за нивната должина, но што можеме да кажеме за длабочината на жените?rnrn
rnrnКако што секоја жена има различни гради, исто постои разлика и во големината, односно во длабочината на вагината. Според најновите истражувања, просечната длабочина на вагината е 9,6 центиметри, но може да биде од 7,6 до 17,7 центиметри.rnrnДлабочината и широчината на вагината се менуваат во зависност од околностите. Вагината може да биде тесна, па да се рашири доволно за во неа да се стави тампон или за време на секс.rnrnИстражувањата не пронашле поврзаност помеѓу длабочината на вагината и возраста на жените. Од друга страна, може да дојде до намалување на срамните усни со текот на времето бидејќи се намалува нивото на естроген во телото. Поради ова се намалуваат мастите и колагенот.rnrnХормоналните нарушувања можат да влијаат и на бојата на усните, односно тие да станат потемни или посветли.rnrnВагината се менува и во текот на бременоста и по породувањето. Но откако ќе помине породувањето се враќа во првобитната состојба. Се открило дека не постои разлика во длабочината на вагината кај жени кои родиле и жени кои не родиле.rnrnПросечниот пенис во ерекција е 33% подолг од просечната длабочина на вагината. Сепак, и едниот и другиот орган варираат во должина и се прилагодуваат меѓу себе. Едно истражување од 2015-та година покажало дека просечната должина на пенисот во ерекција е 13,12 центиметри. Многу жени изјавиле дека пенисот со поголема должина им предизвикува болка и неудобност.rnrnПогледнете ги и митовите за вагината во кои треба да престанете да верувате.
Неколку факти за „женските“ центиметри
