Научниците направиле листа на глобални ризици кои би можеле да бидат причинители на крајот на светот. Овие ризици ги вклучуваат климатските промени, супервулканите и нанотехнологијата. Сето тоа би можеле да доведе до истребување на човештвото или до ситуација кога целата цивилизација ќе биде изложена на големо страдање од кое нема да заздрави. Добрите вести се што авторите на истражувањето не се убедени дека сме осудени на пропаст. Според нив, на луѓето им останува уште многу време на Земјата, најверојатно уште милиони години. Тоа е оптимистичниот став, но ова сепак не го побива фактот дека постојат работи што би можеле да предизвикаат масовно уништување на луѓето. Ова се 9-те начини на кои би можел да дојде крајот на светот…rnrn
rn
1. Катастрофална климатска промена
rnСценариото што научниците го предвидуваат не вклучува затоплување од 2 степени Целзиусови, туку од 4 до 6 степени Целзиусови, а во тој случај луѓето дефинитивно не би можеле да преживеат. Според извештаите на Светската банка од 2013 година, не постои доказ дека луѓето би можеле да се прилагодат на ваквото затоплување. Затоплувањето на ова ниво би можело да размести огромен број на луѓе, бидејќи морските нивоа би се зголемиле, а крајбрежните области би биле поплавени. Земјоделството исто така би доживеало голем удар.rnrnНаучниците исто така се загрижени поради геоинженерингот. Поради таквото екстремно затоплување, луѓето можеби ќе почнат да размислуваат да почнат со прскање честички од сулфати во стратосферата за да ја изладат Земјата. Ова звучи како добра идеја, но ризиците се непознати. Геоинженерингот би можел да има спротивен ефект и само да ги влоши работите.rn
2. Глобална пандемија
rnПандемиите од минатото, како што се Црната смрт и Шпанскиот грип од 1918 година, убиле милиони луѓе, но не успеале да ја „избришат“ цивилизацијата. Сепак, постои уште покатастрофално сценарио. Нема сомнеж дека медицината има постигнато значаен напредок, но сега повеќето луѓе живеат во урбани области. Тоа значи дека постои огромна можност за пренесување зарази на светско ниво.rnrnСигурно ќе останат неколку преживеани кои ќе бидат имуни на болеста, но ризикот не е дека една единствена зараза ќе ги убие сите луѓе. Проблемот е во тоа што пандемијата ќе убие доволно луѓе за да ги уништи основите на цивилизацијата. Земјоделството нема да може да се одржува и преживеаните ќе изумрат.rn
3. Огромен удар од астероид
rnГолемите удари од астероид предизвикувале масовни уништувања на Земјата во минатото. Најпознато е Чиксулуб кој паднал пред 66 милиони години и се верува дека придонел за изумирањето на диносаурусите. Доколку падне астероид во иднина, најверојатно би предизвикал сличен ефект. Добрите вести се што НАСА се прилично самоуверени во нивната способност да ги следат астероидите кои се доволно големи за да го нарушат човечкиот живот. Научниците исто така се обидуваат да најдат начин да ја променат насоката на астероидите кои би имале навистина разурнувачки ефект, како на пример да испратат вселенски брод кон нив кој би имал доволно сила за да ги принуди да го променат правецот и да ја одбегнат Земјата.rnrn
rn
4. Нанотехнологија
rnОва е уште еден потенцијален ризик за иднината. Нанотехнологијата би можела да го демократизира индустриското производство и на тој начин да им овозможи на луѓето да создаваат опасни оружја. Освен тоа, роботите би можеле да произведуваат нуклеарни бомби што би ја зголемило сериозноста на последователните конфликти. Исто така, научниците се загрижени дека нанотехнологијата би научила како да се реплицира поради што работите би излегле надвор од контрола и би дошло до масовно уништување, а можеби и до колапс на цивилизацијата.rn
5. Нуклеарна војна
rnДобрата страна на ова е што нуклеарната војна би можела да го уништи човештвото само во одредени околности. Ограничените бомбардирања, како тие што ги направила Америка на Хирошима и Нагасаки во Втората светска војна се вистински катастрофи, но не би довеле до уништување на човештвото. Дури и кога би биле уништени цели народи од Европа, Русија и Америка како последица од нуклеарна војна, сепак не би исчезнал целиот човечки род.rnrnПа, зошто нуклеарната војна се наоѓа на оваа листа? Поради можноста за појава на нуклеарна зима. Ако бидат детонирани доволен број нуклеарни бомби, температурите во светот би доживеале драматичен пад и би го нарушиле производството на храна, а можеби и човечкиот живот. Не е јасно дали ова е сосема возможно и колку треба да е голема војната за да дојде до такво нешто, но сепак постои како можност. Тоа значи дека нуклеарната војна би можела да биде причинител на човечкото изумирање.rn
6. Еколошка катастрофа
rnЕколошка катастрофа се случува кога некој екосистем ќе претрпе драстично или постојано намалување на капацитетот да ги издржи сите организми, што многу често резултира со масовно изумирање. Масовните изумирања може да се случат од разни причини, но човекот останува како еден од најголемите причинители, поради емисиите на јаглерод. Со оглед на тоа што луѓето во голема мера зависат од природните и вештачки екосистеми, масовното изумирање што може да ги наруши овие екосистеми ни претставува закана и нам луѓето.rnrn
rn
7. Колапс на глобален систем
rnСветските економски и политички системи можат да доживеат колапс поради големите банкроти, високата стапка на невработеност, крах на трговијата како последица од хиперинфлацијата, па дури и поради високата стапка на смртност и намалување на бројот на популацијата. Сепак, не е јасно дали овие фактори би можеле да предизвикаат масовно уништување на човештвото. Луѓето преживеале масивни економски колапси, како што е Големата депресија. Економскиот колапс би морал да биде значително помасивен за да претставува ризик за човечкото постоење или да убие доволно луѓе за преживеаните да не можат да опстојат.rn
8. Супервулкан
rnПостојат историски докази дека вулканските ерупции можат да предизвикаат масовно уништување. Се верува дека Пермско-тријаското изумирање кое уништило 90% од видовите на Земјата било предизвикано од ерупција. Ерупциите можат да предизвикаат глобално ладење што може да ја наруши земјоделската индустрија. Исто така, невозможно е да се спречат вулканските ерупции барем денес, иако се навистина многу ретки. Иако не би можело да дојде Пермско-тријаска ерупција, сепак дури и најмалите ерупции можат да влијаат на климата, да ја оштетат биосферата, да влијаат на прехранбеното производство и да предизвикаат политичка нестабилност. Самата ерупција нема да ги убие сите луѓе на Земјата, но може да убие доволно за останатите да не можат да преживеат.rn
9. Синтетичка биологија
rnОва не претставува ризик денес, но би можело да биде во иднина. Синтетичката биологија се фокусира на создавање биолошки системи, меѓу кои и вештачки живот. Можната опасност е тоа што синтетичката биологија би можела да се искористи за да се создаде супервирус или супер бактерија која би била толку заразна што би можела да предизвика масовно изумирање. Постои голема веројатност дека луѓето би сакале да создадат таков организам за да го искористат како биолошко оружје.rnrnВаквото оружје би можело да се искористи за време на војна или терористички напад, но може и случајно да побегне од лабораторијата. Кое било сценарио би можело да претставува закана за човештвото, ако биолошкото оружје почне да се пренесува и прерасне во глобален проблем. Сепак, до вистинско изумирање би дошло само доколку преживеаните не успеат да се прилагодат на масовното намалување на бројот на популацијата.rnrnПрочитајте ги и овие 10 катастрофални предвидувања за 2018-та година.