Потењето е нормална реакција на организмот на топлина – го лади телото и ги исфрла токсините. Но, претераното потење може да направи да се чувствувате неудобно, како и да биде знак за некој поголем проблем. Погледнете ги 8-те здравствени проблеми кои можат да предизвикаат претерано потење.rnrn
rn
1. Стрес
rnПретераното потење може да биде предизвикано од стрес. Стресот и анксиозноста не само што имаат негативно влијание на телото, туку се манифестираат преку потењето. Овој вид потење има изразен и непријатен мирис бидејќи содржи масти и протеини измешани со бактерии од кожата.rn
2. Проблем со тироидната жлезда
rnХипертироидизмот е нарушување каде што тироидната жлезда станува „хиперактивна“ и почнува да произведува премногу хормони. Кога се случува ова, сите процеси во телото се забрзуваат, а можно е да се чувствувате и нервозно и анксиозно, да ослабите и да се потите повеќе од вообичаено. Во овој случај најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.rn
3. Ниско ниво на шеќер во крвта
rnПонекогаш прекумерното потење е предизвикано од хипогликемија, односно ниско ниво на шеќер во крвта. Во овој случај ќе се потите без разлика на температурата во просторијата или надвор. Исто така луѓето со ниско ниво на шеќер може да чувствуваат глад, анксиозност, вртоглавица и да имаат проблеми со видот.rn
4. Хиперхидроза
rnПрекумерното потење на само еден дел од телото, како на пример вратот, пазувите или дланките, е познато како хиперхидроза. Најчесто се потат овие делови од телото поради големиот број потни жлезди. Ова нарушување не е опасно, но може да биде непријатно. Понекогаш со хиперхидрозата се појавува и иритација и болка на кожата, како и анксиозност. Доколку забележите прекумерно потење на само еден дел од телото, најдобро посетете го вашиот лекар.rn
5. Несакани ефекти од лекови
rnПретераното потење може да биде предизвикано и од некои лекови, како антибиотици, лекови за крвен притисок и психијатриски лекови. Најдобро е да ги прочитате упатствата на сите лекарства што ги пиете.rn
6. Менопауза
rnВо овој случај можно е да почувствувате интензивна топлина во градите која се проширува до главата и е придружена со прекумерно потење. Потењето, нарушувањето на менструалниот циклус, главоболките и слично се резултат на менување на нивото на естроген во телото.rn
7. Треска со непознато потекло
rnВо овој случај ќе кренете температура од најмалку 38,3 степени Целзиусови, најчесто без некоја одредена причина, а треската ќе трае навистина долго – околу 3 недели. Постојат 4 вида треска со непознато потекло:rn
- rn 011
- Класична: Се јавува кај здрави луѓе
- Нозокомијална: Се јавува како резултат на хоспитализација
- Имунолошки-дефицитарна: Се јавува кај луѓе со ослабен имунитет
- Треска од ХИВ
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnНајчестите симптоми се висока температура, потење, студ и главоболки. Доколку почувствувате што било од ова, упатете се кај вашиот лекар.rn
8. Дебелина
rnДебелината е нарушување карактеризирано со големо количество масти во телото. Генетиката, неактивноста, нездравата исхрана, одредени лекови и недостатокот од сон можат да предизвикаат дебелина, но и многу посериозни здравствени проблеми.rnrnПогледнете и кои се причините за ноќното потење што не треба да ги игнорирате.
