Во чевлите, исто како и во врските, вложуваме доколку сме сигурни дека ќе траат. Меѓутоа, многу е тешко да се најдат удобни, модерни и финансиски прифатливи обувки кои истовремено ќе бидат и квалитетни. Денес ви предложуваме три пара кои со сигурност ќе ви траат, а можете да ги носите со различни комбинации…rn
1. Кратки чизми во неутрална боја
rnОвие чизми со сигурност ќе ви прилегаат со секоја модна комбинација. За да изгледате поелегантно, можете да изберете чизми на штикла, но таа не мора да биде тенка и неудобна. Одлучете се за штикли кои ќе ви одговараат на ногата и во кои ќе ви биде пријатно.rnrn
rn
2. Балетанки
rnБалетанките се совршен избор за на работа, затоа што ви ја нудат потребната удобност, додека истовремено со нив можете и лесно да одите и да ги извршувате напорните задачи. Исто така ако по завршувањето на работното време сакате да се наградите себеси со одење во некое кафуле, балетанките совршено ќе се вклопат во таа весела атмосфера!rnrn
rn
3. Штикли со каиш
rnДоколку вложите пари во штикли со каиш, ќе бидете сигурни дека секогаш ќе сте стабилни. На овој начин ќе го избегнете лизгањето на стапалата што е особено важно доколку не сте вешти во одењето на високи потпетици.rnrn
