КАФЕ ПАУЗА

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Наставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари

Образованието е важен дел од животот на еден човек и игра круцијална улога за иднината на едно дете. Сепак, според Обединетите нации, дури 60 милиони деца во светот не се во училишните клупи. Главната причина за ова е сиромаштијата. Многу од овие деца, наместо да одат на училиште, работат за да им помогнат на своите родители.rnrnНаставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди париrnrnНеодамна, една наставничка од Камбоџа споделила фотографии од нејзин ученик и неговото ранче, кое го направил неговиот татко за да заштеди пари. Ова е доказ дека до оние работи кои ние ги земаме здраво за готово, на некои луѓе им е многу тешко да дојдат.rnrnКога петгодишното момче почнало да ги посетува часовите, наставничката не можела, а да не го забележи специфичното ранче. Во овој регион, едно ранче од продавница чини 7 долари и многу родители не можат да си ја дозволат оваа сума, иако е мала. Но, овој татко бил неверојатно креативен и од рафија сплел прекрасно сино ранче.rnrnНабргу откако фотографиите биле споделени, родители од целиот свет почнале да ја изразуваат својата поддршка за таткото, а некои од нив веруваат дека тој би можел да направи многу за своето семејство доколку почне да продава вакви ранчиња онлајн.rnrnНаставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди париrnrnНаставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди париrnrnНаставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди париrnrnНаставничка споделила фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди париrnrnПрочитајте ја инспиративната приказна за еден учител-херој од Индија кој обезбедува образование за сиромашните деца.