Народните верувања се многу интересни и необични. Иако не постојат никакви научни докази за нив, многу луѓе сѐ уште веруваат во знаците што ни ги праќа нашето тело. Без разлика дали и вие сте дел од нив или пак мислите дека станува збор за измислици, убаво е да бидете запознаени со народната мудрост.rnrn
rnrnВеројатно сте слушнале за верувањето дека ако ве зачеша десната дланка, ќе дадете пари, а ако ве зачеша левата дланка, ќе добиете пари. Меѓутоа постојат уште верувања за слични ситуации! Ако ве зачеша десната дланка тоа може да значи дека наскоро ќе се ракувате со позната личност.rnrnДоколку ве чеша левото уво, некој ве озборува. Ако ве зачеша десното, тогаш некој ве фали. Ако ве зачешаат табаните, ќе одите некаде. Ако ве зачеша левиот табан, ќе патувате некаде, а ако ве зачеша десниот, ништо од патувањето.rnrnЈадежот во левиот лакот означува дека ве очекуваат возбудливи вести, а јадежот во десниот лакот предвидува тажни вести. Доколку ве зачешаат прстите, почнете да се подготвувате, бидејќи наскоро ќе се свршите или венчате.rnrnШто мислите за овие верувања? Дали сметате дека постои некаква вистина во нив или пак служат само за забава?rnrnДоколку ве интересираат овие работи, прочитајте ги следниве 10 народни верувања за привлекување пари.
Народни верувања: Што значи ако ве зачеша лакотот или прстите?
