Начинот на кој се справувате со парите, па дури и положбата на метлата во куќата, според старите народни верувања, може да влијаат на финансиската ситуација во домот.rnrn
rn
1. Кога да позајмувате пари и да барате покачување?
rnПокачување треба да барате во среда во текот на денот. Не позајмувајте пари од пријатели и познаници во вторник. Давајте и земајте заеми наутро, затоа што какви било операции со пари кои ги извршувате навечер ќе водат до пропаст. Трудете се никогаш да не барате заем, а почесто да давате пари на оние кои од вас бараат, бидејќи така ќе го предизвикате да ви врати на друг начин.rn
2. Платата треба да преноќи
rnЗа парите кои сте ги заработиле да ја сакаат вашата куќа, оној ден кога ќе земете плата, немојте веднаш да трошите ниту денар од неа. Целата сума, според верувањата би требало да преноќи во вашиот дом.rn
3. Што не треба да се позајмува на комшија?
rnНа комшиите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом и да отиде кај нив.rn
4. Куќни правила за вкупниот буџет
rnПари нема да имате ако ги оставате расфрлени во соба или ги собирате трошките од масата со рака.rn
5. Кога џебовите носат пари?
rnЏебовите на облеката која ви стои во плакарот наполнете ги со книжни пари. Парите не сакаат скинати џебови или паднати копчиња.rnrn
rn
6. Старото верување за метлите
rnЗа да има пари во куќата, метлата треба да ја чувате со дршката надолу.rn
7. Направете триаголник од 10 денари
rnВо најмалата преграда на вашиот паричник чувајте пара од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да имате и среќна монета – првата заработена или добиена пара од друг. Таа пара не треба да ја трошите, таа е талисман на финансиската сигурност. Во спротивно, парите можат да се налутат и да не ви доаѓаат веќе во раце.rn
8. Секогаш чувајте пари во паричникот
rnНикогаш не чувајте го паричникот празен, нонстоп нека има бар по некоја пара во него. Сите пари мора да бидат наместени така што главата ќе биде свртена кон сопственикот.rn
9. Не крадете ја туѓата среќа
rnПари од коцкање, нечесно заработени, најдени или искинати пари не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во паричникот. Поделите ги на сиромашните или брзо потрошете ги.rn
10. Чувајте крупни пари
rnВо домот треба година дена да чувате крупна пара која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува други пари.