Доколку сте љубители на снежни кугли, ова е дефинитивно одличен и едноставен „направи сам“ туторијал за вас. Со малку труд, оваа интересна занимација ќе ви донесе симпатичен новогодишен украс во вашиот дом, на кој сите ќе му се восхитуваат.rnrn
rn
Потребни материјали:
rn
- rn011
- Тегла со капаче
- Дестилирана вода
- Течен глицерин
- Светки
- Украс – мала новогодишна елка
- Лепило
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
rn
Начин на изработка:
rnСо силно лепило залепете ја елката за капакот од теглата и оставете го еден ден, за убаво да се зацврсти. Потоа, наполнете ја теглата до врвот со дестилирана вода. Додадете малку глицерин кој можете да го побарате во аптеките, со цел светките да паѓаат побавно. Потоа додадете одредена количина светки според ваш вкус. Затворете ја убаво теглата со капакот и протресете. Готово. Благодарение на овој едноставен туторијал, сега имате домашно направена снежна кугла, која ќе го внесе празничниот дух во вашиот дом.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.