КАФЕ ПАУЗА

Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

Планинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!

Ширакава е традиционално село сместено на јапонските Алпи кое е популарно ширум светот поради идиличната атмосфера што ја создаваат куќите со нивната специфична архитектура. Скриено меѓу високите планини и густите шуми во централна Јапонија, освен по прекрасната природа, селото се карактеризира и со традиционални куќи. Ги нарекуваат gassho-zukuri и за нив се карактеристични сламените покриви кои наликуваат на раце склопени во молитва.rnrnПланинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!rnrnКуќите создаваат романтична атмосфера во зима кога се покриени со снег, но исто така и во пролет кога цутат црешовите дрвја.rnrnВо раните 1990-ти, ова бајковито село кое е сместено во префектурата Гифу било вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што довело до зголемување на бројот на туристи. Малата рурална заедница со 1.600 жители годишно броела околу 2,15 милиони туристи од целиот свет.rnrnПланинско село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање!rnrnМеѓутоа, во 2019 година, властите одлучија да ги ограничат посетите со воведување листа на чекање за туристи, а следната година Ширакава повторно го разбуди интересот кога се најде на холандската листа на најодржливи дестинации во светот.rnrnОсвен што живеат во хармонија со природата и избегнуваат масовен туризам, овдешните жители строго се придржуваат до мерките за заштита од пожар. Меѓу другото, овде е забрането пушењето со цел да се спречат пожари. Од почетокот на 2021 година, општинските власти, вклучително и префектурата на Гифу, преземаат строги мерки за заштита на локалното население и од пандемијата, па на туристите им се препорачува да се запознаат со забраните и правилата пред да го посетат селото.rnrnОткако прочитавте за ова преубаво јапонско село, можеби ќе сакате да прочитате и за најголемото село на вода, познато уште како и Венеција на истокот.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr