КАФЕ ПАУЗА

Најубавите барови на карипските плажи

Најубавите барови на карипските плажи

Карибите изобилуваат со прекрасни егзотични плажи на кои постојано е забавно, а дел од вината за тоа ја сносат и овие уникатни барови распоредени по нивните рајски песоци.rn

Дјун Презерв, Ангвила

rnДјун Презерв е преубав тропски бар на плажата во заливот Рандеву на малиот остров Ангвила. Изграден е исклучиво од остатоци од бродови кои заринкале или потонале во заливот. Студените пијалaци и богатата музичка сцена која ја нуди овој бар го прават привлечен и за некои холивудски ѕвезди.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

Соги Долар Бар, Британски Девствени Острови

rnСоги Долар барот е скриен зад еден ред палми кои се наоѓаат на островчето Јост ван Дајк, а до него гостите најчесто доаѓаат со чамец или пливајќи од другата страна на брегот, кој е многу блиску. Затоа оние кои се разладуваат и забавуваат во него главно се боси и во костими за капење.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

Пеликан, Јамајка

rnБарот Пеликан не е баш на самата плажа, туку околу 800 метри во вода. До него најлесно се стигнува со чамец, а водата не е многу длабока така што повеќето можат да застанат во вода без да потонат. Целиот е изграден од бамбусово дрво и лисја од палма.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

Рикс Кафе, Јамајка

rnРикс Кафе се наоѓа на добро познатата плажа Негрил во Јамајка, на самиот раб на еден карпест предел. Додека сонцето силно свети преку ден, посетителите се забавуваат скокајќи од карпите меѓу кои се формира мал базен од морската вода која се пробива до таму. Приквечер барот е атрактивен поради спектакуларната глетка на карипското зајдисонце, а навечер се лудува на реге-звуците.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

Инфинити, Туркс и Каикос

rnМинијатурните островчиња Туркс и Каикос се местото каде што е сместен барот Инфинити, веројатно најдолгиот на Карибите. Покриен е со прекрасен црн мермер којшто се протега кон океанот, а се наоѓа на Грејс Беј, една од најубавите плажи на Карибите.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrn

Кау Врек Беј, Британски Девствени Острови

rnКау Врек Беј е популарен помеѓу сурферите и оние кои уживаат само да ги гледаат другите како сурфаат додека се ладат со студено пиво, рум или коктел. Сместен е во еден зафрлен тивок дел на Анегада, еден од најмалите од Британските Девствени Острови.rnrn Најубавите барови на карипските плажиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.