Балканскиот синоним за Ориентален Танц Македонката – ЕЛЕНА ВУКАНОВСКА

Сподели

Од 24 до 27 септември, Елена Вукаковска гордо ќе ги претставува Македонија и Балканот на Интернационалниот фестивал за ориентални танци „TALYSMA“ во Италија.

На 20 јуни таа настапи на Интернационалниот фестивал за ориентални танци „ROYAL GRAND PRIX“ во Кипар, каде што постигна извонреден меѓународен успех и освои две златни медали.

Реклама

Со тоа се закити со титулата меѓународен првак. Преку своите настапи, таа достоинствено ги претстави Македонија и Балканот, докажувајќи дека може рамноправно да се натпреварува со најдобрите светски изведувачи.

Елена настапи во четири категории, при што освои:

Реклама

– два златни медала во дисциплините Tabla Solo и Fusion Bellydance;
– сребрен медал во категоријата Classic Oriental;
– бронзен медал во категоријата Arabic Folklore.

Таа има настапувано на бројни европски и светски фестивали. Во текот на 2025 година беше дел од престижните фестивали:

– „Magic Belly Dance Festival“ – Романија;
– „Oriental Marathon Festival“ – Франција;
– „Bea Diva Sweden“ – Шведска;
– „Raqs Athens“ – Грција;
– „Noć sa Šeherezadom“ – Србија.

Во 2026 година, по вторпат настапи како единствена претставничка од Балканот на 12. издание на еден од најелитните фестивали за ориентален танц во Европа – „Oriental Marathon Festival“.

Фестивалот се одржа од 22 до 25 мај во Ле Гро-ди-Роа, Франција, каде што Елена одржа и свои работилници.

Елена Вукаковска е интернационален артист со повеќе од 15 години професионално меѓународно искуство како натпреварувачка и инструкторка. Таа е и единствената интернационална инструкторка од Балканот со меѓународно искуство во областа на ориенталниот танц, стекнато во Египет.

Елена е основоположничка на ориенталниот танц во Македонија. По освојувањето на титулата меѓународен првак во Кипар, се стекна и со титулата интернационален судија. Таа е единствената претставничка од Балканот која е интернационален судија за ориентален танц.

 

Најново

Може ќе ве интересира