Луѓето раскинуваат од различни причини, понекогаш поради сериозни и длабоки проблеми, но често и заради сосема мали ситници преку кои едниот од партнерите не можел да премине. Еден корисник на Редит побарал од корисниците да ги споделат најсмешните плитки причини поради кои некој прекинал врска. Одговорите се, во најмала рака… разновидни. :)rnrn
rnrnТаа ќе почекаше додека да го добие вниманието од келнерот и дури тогаш почнуваше да размислува што сака за пиење.rnrnИмаше бемка на очниот капак. Секој пат кога ќе ја бакнев ја гледав додека се навалував накај неа. Почнав да сонувам кошмари дека бемката ми зборува.rnrnКога гледаше снимени ТВ серии, не ги премотуваше напред рекламите.rnrnСекогаш кога зевав, таа мислеше дека е смешно да ми го пикне нејзиниот прст во мојата отворена уста.rnrnЈадеше грашок зрно по зрно. Зрно по зрно!rnrnНе веруваш дека човекот стапнал на Месечината.rnrnЈа држеше виљушката со цела рака, како лопата. Таква личност не можеш да однесеш никаде.rnrnГо погледнав, убаво го погледнав од далеку и сфатив дека неговата глава е едноставно мнооооогу голема во однос на неговото тело.rnrnКога зборуваше, устата ѝ се правеше во форма на трапезоид.rnrnОдеше многу бавно. Ќе излезевме негде, ќе почневме да одиме по патот и кога ќе се свртев, таа беше 6 метри зад мене.rnrnНе си ги соблекуваше гаќите за време на секс, никогаш!rnrnГи кажуваше наглас имињата на сите продавници покрај кои проаѓавме кога се возевме со кола.rnrnЈа брцкаше лажичката во шеќерот веднаш штом ќе си го промешаше кафето, оставајќи грутки од кафе и шеќер.rnrnБеше 4 дена пред мојот роденден. Ми кажа дека планира да ми купи подарок. Знаев дека не можам да ѝ раскинам барем 30 дена откако ќе ми го даде подарокот, а немав желба да се обврзам на уште 34.rnrnНејзиниот стан беше на 8 кат во зграда со скали.rnrnСе движеше како Тирекс.rnrnСтаваше ист дезодоранс како мајка ми.rnrnТаа беше најгласниот јадач кој сум го сретнал. Постојано џвакаше со отворена уста и ги шлапкаше усните. Не дај Боже нешто многу да ѝ се погодеше, тогаш почнуваа и бескрајните „ммммм“ и „мњамммм“. Како да се забавував со Cookie Monster.rnrnСтаваше сенф на нејзиниот помфрит така што прво го нанесуваше на рацете и потоа ги протриваше компирчињата со нив, а на крајот си ги лижеше дланките.
Најсмешните и најплитки причини за раскинување
