КАФЕ ПАУЗА

Зошто не сум во сериозна врска?

Се гледате во огледало и одразот е повеќе од просечен. Образованието – задоволително. Се трудите неколкуте килограми плус да ги покриете со гардеробата. Во друштвото одлично се снаоѓате, сите сакаат да излегуваат со вас, а вие и понатаму сте сингл. Во што е проблемот? Еве неколку ситници кои ќе ви помогнат да си одговорите на ова прашање.rnrn1-zoshto-ne-sum-vo-seriozna-vrska-www.kafepauza.mk_rnrnРаботите многу: Состаноци, бизнис патувања, семинари… па ако имате малку време за себе, тогаш имате уште помалку за љубов. Мажите го гледаат тоа и затоа не очекуваат многу, и не пружат многу.rnrnНе се одрекувате од ништо: Никогаш не би го откажале тренингот, чистењето на куќата, ручекот со пријателките и останатите задоволства, поради него? Зошто тогаш очекувате тој да вложи повеќе во вашата врска?rnrnПравите драма околу сè: Малку драма е во ред, но ако постојано имате некој проблем, не очекувајте тој да го реши. Можеби и може, но вие потоа повторно ќе измислите нов проблем и така сè во круг. Таква не сте му потребна на никого.rnrnНе знаете што сакате: И сакате и не сакате да сте во врска? Едно зборувате, друго правите? Со ова може да привлечете маж кој е исто така неодлучен како вас.rnrnМногу барате, малку давате: Да, тој е ловецот, пуштете го да ве освои, но дајте му малку „ветар во грбот“. И тој ужива во комплиментите, сака внимание, подароци… сигнали кои ќе му покажат дека неговиот труд ќе биде возвратен.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.