rn
6. Лос Анџелес, Калифорнија
rnИ покрај тоа што е метропола, постојаното сонце, високите палми и смиреноста прават градот да изгледa прекрасно дури и ако сте заглавени во сообраќаен метеж. Како ова да не е доволно, овде можете да го посетите и Дизниленд.rn
7. Санкт Петербург, Русија
rnВториот најголем град во Русија е малку помодерен од Москва. Им нуди на младите туристи навистина добри сцени за фотографирање. А оние пак кои повеќе сакаат историја, можат да уживаат во големиот број палати и катедрали.rn
8. Џакарта, Индонезија
rnВо Џакарта се слеваат култури и друштва од околните места. Големата разновидност на градот може да се забележи во архитектурата, како и во храната. Без разлика која е вашата дефиниција за убавина, речиси сигурно ќе ја пронајдете овде.rn
9. Истанбул, Турција
rnРелигиската историја на Истанбул нуди многу свети знаменитости за кои нема ни да ви биде потребен филтер од Инстаграм. Покрај тоа, овој град е дом на големата Белградска шума, па овде ќе уживаат и љубителите на природата.rn
10. Барселона, Шпанија
rnБарселона, како и Париз е позната по уметноста. Но овде нема потреба да одите во музеј за да ја видите. Неверојатната архитектура ќе ве пречекува на секој чекор во овој град.
Погледнете ги и овие предлози за патување за 2018 година.

