Во денешно време, поголемиот дел од нашиот живот се одвива онлајн. Денес, секаква активност е возможна преку Интернетот – купување, продажба, работа, комуникација… Кога станува збор за веб-сајтовите, нивната креативност зависи од нивните творци, како и од намената за кои се создадени. Поголемиот дел од нив, кои имаат иста намена, изгледаат слично и функционираат на сличен начин. Сепак, покрај вообичаените, постојат и веб-сајтови кои се малку поразлични, дури и чудни. Во продолжение погледнете ги најнеобичните веб-сајтови кои можете да ги пронајдете на Интернет:rn
Quiet Place
rn
rnrnДоколку премногу време поминувате на вашиот компјутер, овој веб-сајт ќе ви биде вистински одмор. Доволно е само да притискате „space“ и да читате.rn
Endless Horse
rn
rnrnВо необичните веб-сајтови, секако спаѓа и „Endless Horse“. Доколку скролате доволно, ќе дојдете до копитата на коњот. Барем така вели легендата.rn
Quick Draw
rn
rnrnНа овој веб-сајт можете да си го испробате вашиот талент за цртање. Но, имајте предвид дека времето ви е ограничено!rn
Cat Bounce
rn
rnrnПостои вистински веб-сајт за сите љубители на мачки. Овој сајт, сам по себе е едноставен. Уживајте додека гледате мали крзнени животни кои скокаат по екранот.rnrnВо момент на одмор, кога ви е потребно опуштање, верувале или не, решението може да се пронајде на Интернет. Овие необични веб-сајтови можат да ве занимаваат неколку минути, па искористете ги за да се опуштите. Доколку познавате некој љубител на мачки или патки, слободно препорачајте им ги овие веб-сајтови.rnrnПогледнете ги и овие 20 корисни веб-сајтови што ќе ви го зголемат коефициентот на интелигенција.
