Овој аквариум се наоѓа во Атланта, Џорџија, САД и воедно е најголемиот во светот. Тој е исполнет со 32 милиони литри свежа и морска вода и претставува дом на преку 120.000 животни од 500 различни видови. Главни ѕвезди за посетителите се четирите кит-ајкули, четирите бели китови и четирите манти. Ова е единствената институција која се грижи за кит-ајкули надвор од Азија.rnrn
rnrnАквариумот бил отворен на 23 ноември 2005 година, а на 25 јуни 2009 го пречекува својот 10 милионити посетител. Преку овие фотографии направени од Дејвид Хиплер и Фриц Бруниер, можеме да видиме како би изгледало да стоиме пред прекрасниот аквариум во кој можат да се видат многу видови риби и други водни животни во различни големини. Аквариумот исто така претставува и второ по ред најголемо стакло за гледање во светот. Тоа е високо 7 метри, а широко 18,5 и им овозможува на посетителите да ги видат сите волшебни животни на еден начин кој вечно се памети.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
