Зошто казината прават толку голем профит?

Сподели

Коцкањето е многу профитабилен бизнис. Ако се знаат следните 3 факти, не е чудно да се сфати зошто.

Реклама

rn

1. Коцкарите слабо расудуваат за време на играта

rnПрофитот за казиното претставува износот на пари кои коцкарите ќе го остават таму во обидот да си одат дома со уште повеќе пари. Но, ако се знае дека никој не се збогатил од редовни посети на казино, се поставува прашањето зошто тие и понатаму продолжуваат да се коцкаат. Кога човек ќе увиди дека неговото однесување не го носи кон неговата цел, тој го менува однесувањето и се обидува на друг начин. Но, случајот со коцкањето не е таков. Колку и да губи, коцкарот продолжува со играње затоа што верува дека „сега е моментот да се сврти среќата и ќе се извади“. Мозокот претендира кон тоа да не верува дека работите можат да се случуваат случајно и бара некаква причина која стои зад сето тоа, па затоа често пати велат дека „не може 12 пати по ред да падне на црно“ или дека „се во добра серија“, небаре овие работи се причински-последично поврзани. Тоа се моменти кои го радуваат раководството на казиното.

rn

2. „За малку не добив“

rnКоцкарите своите губења кои за малку не завршиле како добивки ги третираат како добивки. Сметаат дека моментот кога ќе падне соседниот број на рулетот е речиси добивка за која е заслужен коцкарот, а не случајноста. И повторно се работи за трик на мозокот, кај кого хормоните и невротрансмитерите се активираат на ист начин и кај добивката и кај она што за малку не било добивка.rn

3. Конфузијата со слот машините

rnКазината итро ја користат ситуацијата со она што за малку не било добива со помош на слот машините. На традиционалните слот машини беше потребно да се паднат три исти знаци во една линија, а денешните видео машини даваат можност за добивка со пет исти знаци во повеќе линии. На тој начин голем број од свртувањата се добитни, но добивката најчесто е помала од влогот. На тој начин играчот добива и е мотивиран да продолжи додека трага по џек пот, а казиното трпеливо си го собира својот профит.

Популарно

Може ќе ве интересира