Најдобрите европски градови за студирање

Сподели

Овие прекрасни европски градови кријат одлични универзитети кои ве чекаат токму вас. Доколку планирате да студирате во странство, тогаш без сомнение би требало да размислите за следниве неколку градови каде што ќе запознаете нови луѓе и различни култури. Тие не само што се најдобриот избор за студирање, туку се и идеални за живот за студентите. Погледнете за кои станува збор…rn

Реклама

Краков (Полска)

rnЦентарот на културниот живот на Полска веќе долго време привлекува студенти од целиот свет поради квалитетот на универзитетите, како и поради богатиот ноќен живот. Во Краков се наоѓа и вториот најстар универзитет во Европа, Јагиелонски, кој датира од 14-от век.rn

Хајделберг (Германија)

rnОвој универзитетски град во 2014 година бил прогласен од страна на Унеско како град на литературата и токму затоа се претворил во идеален за љубителите на книгата и студентите на книжевноста. Оние кои студираат уметност и архитектура ќе бидат одушевени од неговите историски градби.rn

Болоња (Италија)

rnУниверзитетот во Болоња е најстариот во Европа, па токму затоа и овој град е еден од најголемите студентски центри. Во моментов таму студираат над 100.000 млади луѓе, што претставува четвртина од целата популација. Од друга страна пак, традициите и културното богатство привлекуваат и многу туристи.rn

Упсала (Шведска)

rnОвој град во Шведска се наоѓа на околу 70 километри од Стокхолм, и секоја година е нов дом на голем број студенти кои доаѓаат од околу 17 различни земји. Како важен универзитетски центар, тука се негуваат традиции од повеќе векови, како и систем на студирање кој веќе 600 години е непроменет.rn

Оксфорд (Англија)

rnОксфордскиот универзитет е најпознатиот универзитетски центар во светот. Тој се состои од 30 колеџи и придружни згради, а тоа што е специфично за него е фактот што нема централна универзитетска зграда. Бројните пабови и големиот број студенти го збогатуваат добро познатиот ноќен живот кој дополнително привлекува нови млади момци и девојки.

Најново

Може ќе ве интересира