Етеричните масла ни помагаат да ги намалиме стресот и симптомите на сезонските алергии, а неколку капки масло во бањата можат да ни помогнат да отстраниме голем број заболувања, од воспаление на мускулите до симптоми на настинка. Ако барате да се опуштите и да ги ублажите симптомите, етеричните масла се одличен природен избор.rnrn
rn
За опуштање
rnМаслото од лаванда ја подобрува циркулацијата и има смирувачки ефект. Покрај тоа, се препорачува за ублажување на воспалението на мускулите и ќе ви помогне да заспиете подобро.rn
За намалување на болките
rnМаслото копаиба е направено од дрво што расте во Северна Америка и се покажа дека е ефикасно во намалувањето на болката, особено на артритисот. Ова масло има антиинфламаторно и антибактериско дејство, така што има корисен ефект врз кожата.rn
За воспаление на мускулите
rnПокрај тоа што има антиинфламаторно дејство, маслото од темјан го смирува телото и е идеално за намалување на воспалението во мускулите.rn
Против настинки
rnМаслото од еукалиптус се препорачува во третманот на симптомите на настинка. Го одзатнува затнатиот нос, го опушта телото и се бори против сувата кожа склона кон иритации.rn
За расонување
rnЦитрусните масла (од портокал, грејпфрут, лимонска трева) ќе ги разбудат сите ваши сетила со својот мирис. Затоа, овие масла се препорачуваат за утрински бањи.rn
Рецепти за бањи со етерични масло
rnЗа опуштање: 5 капки масло од лаванда и 5 капки масло од портокалrnrnЗа расонување: 5 капки масло од еукалиптус, 3 капки масло од лимонска трева и 3 капки масло од грејпфрутrnrnЗа слатки сништа: 8 капки масло од лаванда, 4 капки масло од камилица, 3 капки масло од портокал и 1 капка масло од сандалово дрвоrnrnПрочитајте во кои 6 ситуации не треба да користите етерични масла.