Етеричните масла се природни производи кои се добиваат од билките, па многумина мислат дека токму поради тоа тие се сигурни за употреба. Но, тие се стопроцентни билни екстракти, што значи дека станува збор за доста јаки концентрати. На пример, за да се добие еден литар етерично масло од лаванда потребни се околу 100 килограми цветови од лаванда. Значи, етеричното масло, односно концентратот, ги нема истите својства како и самата билка, туку е многу појако. Етеричните масла се доста благотворни за здравјето, но во следните 6 случаи би требало да ги избегнувате.rnrn
rn
1. Неразредени етерични масла
rnЕтеричните масла најчесто се нудат неразредени, па директното нанесување на кожата може да предизвика црвенило, нафрлање, па дури и изгореници. Не помага ниту мешањето со вода, туку морате прво да го разредите со некое базично масло како што е маслото од бадем, јојоба, авокадо или масло од гроздови семки, а размерот би требало да биде од 3 до 5 капки етерично масло на една супена лажица базично масло. Сепак најдобро е да се посоветувате со ароматерапевт. Само етеричното масло од лаванда може директно да се нанесува на кожата (за ублажување на убодот од инсекти и полесни изгореници), но за останатите најдобро е да побарате совет од експерт.rn
2. Нанесување на слузницата
rnВоопшто немојте да ги нанесувате етеричните масла директно на слузницата (пример, во устата или вагината), бидејќи така би можеле да ги „спржите“. Често можете да пронајдете совети во кои се вели дека етеричното масло од чајно дрво ги лекува габичните вагинални инфекции, но ако само натопите тампон во него и го нанесете во вагината, на тој начин само ќе добиете воспаление. Етеричното масло од чајно дрво може да помогне кај габичните инфекции, но само ако ароматерапевтот ви направил течност со прифатлива концентрација.rn
3. Земање етеричното масло во вид на таблети
rnИако капсулите со етерични масла за орална употреба се лесно достапни во продавниците за здрава храна и билните аптеки, сепак не се препорачува да ги земате без советување со лекарот и ароматерапевтот кои ќе проценат дали воопшто ви одговара оралното земање билни концентрати. Треба да внимавате и на квалитетот на капсулите кои мора да имаат посебна, издржлива обвивка, за сигурно да допатуваат низ дигестивниот систем до желудникот, каде што ги раствора желудочната киселина.rnrn
rn
4. Пред излегување на сонце
rnНекои етерични масла содржат кумарини, соединенија кои реагираат со сончевите УВ зраци и ѝ предизвикуваат на кожата фотодерматититс. Такви се сите цитрусните масла (грејпфрут, лимон, цитрон…), па би требало да ги избегнувате најмалку 12 часа пред излегување на сонце. Општо за сите етерични масла се препорачува да не се нанесуваат доколку наскоро планирате да излегувате на сонце.rn
5. Алергија на етерично масло
rnДоколку имате чувствителна кожа или сте склони кон алергии, тогаш внимателно би требало да ги користите етеричните масла. Најдобро е прво да го тестирате ефектот од етеричното масло, односно производот со тоа етерично масло, така што ќе нанесете на мал дел од кожата, поточно на внатрешниот дел од подлактницата. Доколку во текот на наредните часа добиете никаква иритација на кожата, немојте повеќе да го користите.rn
6. Бременост
rnПоради силното делување, етеричните масла не се препорачуваат во текот на бременоста. Доколку навистина сакате да ги користите, дозволени се само одредени етерични масла, а примероците би требало да бидат строго контролирани и доволно разредени, па задолжително мора да се советувате со доктор или ароматерпавет.
