КАФЕ ПАУЗА

Најчоколадните светски метрополи

Најчоколадните светски метрополи

Written by

in

Патувањата низ светот нудат по нешто убаво за сите сетила, но ако барате задоволување на потребата да вкусите нешто благо, тогаш овие чоколадни дестинации се вистинското место за вас.rn
rn

Брисел, Белгија

rnСо своите 2.000 продавници за чоколадо, 16 музеи за чоколадо и 12 фабрики кои го произведуваат, Брисел се смета за светска престолнина на најпопуларниот десерт. Ако патот ве однесе во Брисел задолжително одете до Гран Саблон, мал плоштад каде што се сместени многу од продавниците.Најчоколадните светски метрополиrn

Барселона, Шпанија

rnДодека сте во Барселона не заборавајте да го посетите Museo de La Xocolata, односно музејот на чоколадото во овој град. Внатре визуелно ќе уживате во чоколадните верзии на убавините на каталонската престолнина, ќе ја слушнете целата историја на вкусниот десерт, а откако ќе ви се отвори апетит за благо можете да си купите чоколадо колку што ви душа сака.Најчоколадните светски метрополиrn

Бурнвил, Англија

rnВо јужниот дел на Бирмингем се наоѓа селото Бурнвил, домот на најголемата фабрика за чоколади во Англија. Тоа е место каде што ќе можете самите да се испробате во производството на чоколадо, а потоа и да го изедете сето она што сте го произвеле.Најчоколадните светски метрополиrn

Херши, САД

rnОсвен стандардната чоколадна понуда слична на онаа во другите дестинации, во еден од хотелите овде може да се препуштите на уживање во чоколадна бања. Најскапиот третман вклучува три и пол часа исполнети со бањање во какао, чоколадна масажа и ручек во чоколадната оаза.Најчоколадните светски метрополиrn

Келн, Германија

rnМногу туристи доаѓаат во Келн само поради преубавиот музеј на чоколадото. Целата негова историја е прикажана на површина од 4.000 квадратни метри, во кои меѓу другото можете да вкусите и безброј видови чоколадо.Најчоколадните светски метрополиrn

Цирих, Швајцарија

rnПокрај сета префинетост која го краси Цирих, тој е дом на некои од најдобрите брендови на чоколадо, како Тоблероне, Линт и Нестле. Опојниот мирис на чоколади на Банхофштрасе е предизвик поради кој вреди да се посети овој град.Најчоколадните светски метрополиrn

Оахака, Мексико

rnВо мексиканскиот град Оахака чоколадото не е само вкусен десерт, туку е традиција која до ден денешен ја задоволува душата на наследниците на Ацтеките, народот кој прв почнал да ужива во чоколадото.Најчоколадните светски метрополиrn

Торино, Италија

rnСе претпоставува дека Торино има повеќе продавници за чоколадо од Брисел, но сепак најдобро време да уживате во чоколадната страна на градот е двонеделниот фестивал посветен на него.Најчоколадните светски метрополи
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.