КАФЕ ПАУЗА

10 старомодни навики за состанувањето кои би требало повторно да се вратат

10 старомодни навики во состанувањето кои би требало повторно да се вратат

Состанувањето и врските се навистина променети. Важат други правила, луѓето се однесуваат поинаку и приоритетите се други. Но, не значи дека секоја промена е добра. Погледнете кои се старомодните навики кај состанувањето што би требало да се вратат.rnrn10 старомодни навики во состанувањето кои би требало повторно да се врататrn

1. Земање на партнерот од пред врата

rnВеројатно на сите им е преку глава од неромантичната порака на телефонот „Овде сум“ и состаноците кои изгледаат како нешто сосема опуштено и платонско наместо романтично. Се разбира, состанувањето со некого од Интернет би требало да биде исклучок, но да излезете од автомобилот за да го земете партнерот од дома прави голема разлика.rn

2. Дотерување за состанокот

rnОва може да значи разни работи за разни луѓе, но воглавно би требало да вложите труд во облеката и средувањето пред да појдете на состанок. Нема потреба да носите костум, но изгледот навистина е важен и тој би требало да го кажува за вас она што сакате.rn

3. Носење цвеќиња на првиот состанок

rnНекои среќни дами и мажи постојано го добиваат ова, но станува сè поретко. Навистина е прекрасно да однесете букет цвеќе пред првиот состанок. Не плашете се да покажете внимание.rn

4. Танцување што не е „триење“ на подиум во дискотека

rnТанцувањето за забава како да исчезнува. Зарем има подобар начин да се опуштите отколку со танцување? Плус, навистина е интересно да видите како некој прави смешни движења на подиумот.rn

5. Директно поканување на состанок

rnДенес многу често луѓето не покануваат на состанок, туку на „дружба“. Но, дружбата е иста како состанок – разговарате за да се запознаете подобро. Нема потреба да брзате доколку не сакате, но директноста околу тоа каде сакате да се движи врската е изгубена уметност.rn

6. Разјаснување за тоа до каде сте во врската

rnОвој разговор може да биде навистина непријатен. Но, наместо да претпоставувате, многу е подобро да дознаете. Прашајте го партнерот дали сака да забави или во која насока сака да се движите во врската.rn

7. Романтични гестови како пишување поеми

rnМожеби пишувањето поеми не е ваша силна страна, но сигурно можете да смислите 2-3 романтични реченици. Рачно напишаното писмо или некоја рачна изработка која не излегла совршено се гестови кои покажуваат дека ви е грижа.rn

8. Исклучување на електронските уреди

rnВеројатно нема полошо од тоа партнерот да го земе телефонот сред вечера и да гледа во екранот или кога било сред разговор. Понекогаш потребно е да се исклучат уредите и да се разговора со луѓето во реалниот живот.rn

9. Генералниот концепт за барање дозвола

rnОвде спаѓаат прашања како: Кога може да те видам? Кога може да ти се јавам? Ова е многупати подобро отколку да претпоставувате дека тоа може да го направите кога било. Штом сте во врска, повеќе нема потреба да прашувате за некои работи. Но, ова е важно на почетокот, особено кога станува збор за сексот.rn

10. Да не претпоставувате дека ќе имате секс

rnНе би требало сексот повторно да стане табу, но не би требало ниту да го очекувате уште на вториот состанок. Состанокот не мора да заврши со секс и не треба да се разочарувате ако е така.rnrnПогледнете ги и овие старомодни правила за љубовните состаноци кои би требало да ги следите.