Тие беа тука, да скокнат и да помогнат, од самиот почеток. Што било и да затреба, кога и да затреба. Нашите деца, од првиот ден, ги засакале како свои, давајќи 100% од себе секогаш кога се со нив.rnrn
rnrnНа бабите кои трпеливо седат со своите внуци и со часови разговараат заедно – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа дедовците кои секогаш носат забава, по некое скриено благо и насмевка на лицата на нашите деца – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите кои прават најдобра пилешка супа на светот (и секогаш подготвуваат за носење) – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа дедовците кои со часови минуваат на теписонот, се трансформираат во коњчиња и сложуваат коцки – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите кои раскажуваат најубави, најволшебни приказни кои децата најдолго ќе ги паметат – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnНа дедовците кои ги учат своите внуци да ловат риби, да пливаат и да работат во градината – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите кои менуваат пелени и ги бришат носињата, со иста љубов со која го правеле тоа на своите деца – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа дедовците и бабите кои ги чуваат нашите деца, па така на работа или во град одиме без трошка грижа дали детето ќе биде добро згрижено – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои од секоја скромна пензија одвојуваат како куќа голем денар и купуваат играчка, книга, чоколада – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа бабите и дедовците кои ги учат нашите деца на вредни животни лекции, од тоа како да бидат претпазливи и штедливи до тоа зошто е важно вредно да се работи и да се биде чесен – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnНа оние кои точно знаат што и кога треба да кажат – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои одат во градинка или училиште по нашите деца, тогаш кога ние не може да стигнеме – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои го купиле првиот велосипед, ги платиле часови по балет или се грижеле дали имаме доволно за патики и јакна – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние кои ги пеат најдрагите песнички и кои како со волшебно стапче ги смируваат децата тогаш кога тоа делува како невозможна мисија – БЛАГОДАРАМ.rnrnНа оние во чиј дом се игра со брашно, се меси тесто и каде што скоро сѐ е дозволено – БЛАГОДАРАМ.rnrn
rnrnСигурни сме дека никогаш нема да можеме да им се одолжиме на нашите родители за целата помош која ни ја овозможиле и љубов кои нашите деца ја добиле од нив. Сигурно сакаме да можеме да им обезбедиме патување од соништата во најскапиот хотел во светот. Или да им купиме нови автомобили. Или барем секој ден да поминеме барем еден час со нив. Секогаш сакаме да им го овозможиме сето она што тие од ден во ден ни го даваат нам – стабилност, мир, сигурност, доверба и помош. Безусловна, секојдневна помош. И да, никогаш, ниту за милион години не би можеле да успееме во сето ова без нив.rnrnПогледнете и зошто си ги сакаме баба и дедо.
На сите баби и дедовци на овој свет – БЛАГОДАРАМ!
