Автор: Марија Смокварскаrnrn„Ремек дело на природата, што стои помеѓу земјата и небото, меѓу континент и океан, каде што плимата и осеката се менуваат толку брзо како галопирачки коњ” – вака Виктор Иго го опиша овој извонреден град со восхитувачка римска архитектура. Мон Сен Мишел (Планината на Св. Михаил) е мало гратче кое се наоѓа на карпест остров на 1 км од северниот брег на Франција, во устието на реката Couesnon во регионот Долна Нормандија.rnrn
rnrnИзградбата е започната дури во далечната 709 година. Во 1874, Мон Сен Мишел е прогласен за историски споменик и е под заштита на UNESCO. Неговата популација брои околу 41 жител од кои повеќето се свештеници.rnrn
rnrnНеговото настанување се поврзува со легендата која вели дека Архангел Михаил му се појавил на бишопот Аберт велејќи му да изгради манастир на карпа. Тој пак, константно го игнорирал ова негово привидение сè додека Михаил не му ја изгорел главата со својот прст. Тоа било моментот кога се решило да се изгради овој прекрасен град.rnrn
rnrnЕве уште неколку слики за да се долови неговата уникатност и единство со природата:rnrn






rnrn
Мон Сен Мишел – град среде море
