Префрлувањето од едно на друго работно место бара повторно учење на нови задачи, нови навики на колегите, како и прилагодување на други услови и правила. Почетокот секако ќе ви изгледа тежок, затоа што до тогаш сте биле навикнати на еден начин на функционирање, па сега одеднаш ќе треба сето тоа да го заборавите. Во вакви моменти, на повеќето луѓе им поминуваат најразлични мисли низ нивната глава, а во продолжение откријте кои се најчестите.rnrn
rn
1. „Зошто не знам апсолутно ништо за што било?“
rnНа претходната работна позиција вие сте биле свесни за што е што, кои се луѓето и зошто работите се изведуваат на таков начин. На новото работно место не знаете ништо и едвај се трудите да го запаметите кодот за отворање на вратата.rnrn
rn
2. „Кога треба да ги донесам моите лични работи на бирото?“
rnНа пример, се прашувате кога треба да го донесете омилениот кактус, фотографијата од вашите деца, предметите кои ве потсетуваат на нешто убаво…rnrn
rn
3. „Ми недостигаат старите колеги и тоа малку ме повредува“
rnВие плачевте и се смеевте заедно. Правевте интересни работи и зборувавте на секакви теми. Малку ве повредува тоа што нема да ги гледате 8 часа за време на секој работен ден.rnrn
rn
4. „Зошто поминувам толку многу време во тоалетот?“
rnТоалетите се многу корисни кога започнувате со нова работа. Понекогаш ви се потребни само 5 минути да останете сами, да размислите за случувањата, па и да заплачете кога нема да бидете сигурни што треба да направите. Но, тоа е сосема во ред, затоа што повеќето од вашите нови колеги веќе биле во оваа позиција и ја надминале.rnrn
rn
5. „Многу добро се запознав со историјата на оваа компанија“
rnКога сте нови во некоја компанија, се обидувате да дознаете некои информации за неа, па така, ја „напаѓате“ нејзината Интернет страница и читате нови и корисни информации за нејзиното основање, бројот на вработени и слично.rnrn
rnrnПродолжете на наредната страница за да погледнете уште интересни мисли во кои можете да се пронајдете…rn