Едно е сигурно, доколку сакате да ослабите, не треба да држите строги диети и да гладувате, туку да ги промените животните навики и дневното мени. Не мора да си го скратите задоволството во одредена храна, туку да им пронајдете соодветни здрави замени на критичните состојки. За да ви помогнеме во оваа одлука која бара упорност, ви предлагаме 7 супер идеи со кои ќе ги замените калоричните производи со полесни, но подеднакво вкусни оброци.rnrn
rn
1. Суви сливи наместо путер
rnМожеби звучи необично, но сувите сливи се одличен сојузник за здрав десерт. Ако во вашиот рецепт има состојка путер, маргарин или масло, тогаш заменете ја со исечкани и исчистени суви сливи.rn
2. Свежо посно сирење наместо крем сир
rnИако крем сирот изгледа како лесна варијанта која ќе го збогати вашиот сендвич или колач, всушност тој е многу помасен од свежото обезмастено сирење. Направете замена која е подеднакво вкусна.rn
3. Свежи зачини наместо сушен концентрат
rnАко рецептот вели лажица концентриран сушен зеленчук, подобро е да изберете свежи зачини. Лукот, свежите зачини и пиперките не содржат многу сол, поздрави се и имаат побогат вкус.rn
4. Јаболко и јогурт наместо путер и масло
rnАко во вашиот рецепт пишува растително масло, путер или маргарин, вие посегнете по каша од јаболко и јогурт. 115 грама путер содржат 900 калории и 92 грама маснотии, додека јаболковата каша има околу 50 калории и никакви маснотии. Во рецептот намалете ја количината на шеќерот, бидејќи јаболката сама по себе е доволно слатка.rnrn
rn
5. Мелено мисиркино месо наместо мелено говедско месо
rnОваа замена можете да ја направите во својата храна која вклучува мелено месо. Мелените мисиркини гради полесно се варат од говедските, а подеднакво се вкусни. Брзото варење на храната не предизвикува надуеност, поради што ќе го избегнете надуениот стомак.rn
6. Лесен јогурт и посно сирење наместо кисела павлака
rnАко во вашиот рецепт пишува кисела павлака, слободно сменето го со мешавина од јогурт и посно сирење. На тој начин во својот колач намалувате голем број калории, а вкусот ќе остане непроменет.rn
7. Чоколадни парчиња наместо прелив
rnНаместо колачот да го прелиете со чоколадо, особено млечно, во тестото втиснете парчиња темно чоколадо. Така секое парче од колачот ќе остане вкусно и чоколадно, а вие ќе потрошите многу помалку чоколадо и со самото тоа колачот ќе има и помалку калории.rnrn