Познато е дека уметноста не познава граници. Па, зошто и нашето лице да не го искористиме како уметничко платно? Мејкап артистката Лекси Лазиер го право токму тоа! Имено таа се трансформира во познати уметнички дела, а резултатите се неверојатни. Погледнете дел од нејзината неверојатно талентирана работа…rn
„Ѕвездена ноќ“, Винсент Ван Гог
rnДевојката од Калифорнија, која е професионална мејкап артистка веќе 18 години, се инспирирала да ги создаде овие трансформации додека гледала во рефлексиите во водата од уметничката слика „Ѕвездена ноќ“ на Винсент Ван Гог.rn
„Добив одлични реакции од моите следбеници на Инстаграм и моите пријатели и семејството целосно ме поддржаа. Ја сакам уметноста, па така прво почнав со дела кои отсекогаш ми зборувале и планирам да продолжам со ова додека не ме погоди друга инспирација“, вели Лекси.
rn
„Бакнежот“, Густав Климт
rnЛазиер вели дека ужива во тоа да пронаоѓа нови начини да ги комбинира традиционалните елементи на убавина со побуквалните делови од сликите.rn
„Мислам дека мојот омилен дел е… Кога одлучувам што каде ќе оди и како да не направам само обична копија од сликата на моето лицето, туку да го претворам делото во шминка од соништата“, изјавува таа.
rn
„Две сестри (на терасата)“, Пјер Огист Реноар
„Сметам дека шминкањето е уметност. Ја содржи онаа уникатна дуална природа во тоа што има функција и огромен број луѓе секојдневно ја користат како дел од нивниот животен стил, со цел да се чувствуваат посамоуверено. Но, исто така шминката е само боја, а лицето може да послужи како уметничко платно“, објаснува Лекси.
rn
„Жена која плаче“, Пабло Пикасо
rnКога одново ќе најде инспирација, Лазиер планира да преработи уште уметнички слики преку шминката.rn
„Уметноста е форма на експресија. И сите ние сме посебни во поглед на тоа што сите наоѓаме различни начини да го изразиме тоа“, завршува Лекси.
rn
„Мон Сен Виктоар“, Пол Сезан
rnНема сомнеж дека оваа талентирана мејкап артистка ќе ви ги прошири видиците кога станува збор за уметноста, па можеби и ќе ве инспирира и вие самите да ја разбудите вашата креативност и да ја преточите во некое уникатно уметничко дело.

