КАФЕ ПАУЗА

8 причини поради кои луѓето изневеруваат

8 причини поради кои луѓето изневеруваат

Статистиките велат дека изневерувањето е присутно во 20 до 25% од браковите, а мажите и жените изневеруваат подеднакво. Меѓусебната доверба е дел од сите романтични врски и често, иако не секогаш, е поврзана со верноста. Но, изневерувањето може да ја уништи дури и најцврстата врска.rnrn8 причини поради кои луѓето изневеруваатrnrnПрељубата е водечка причина за разводите и распаѓањето на врските. Може да поттикне насилство во семејството, како и нарушување на менталното здравје, на пример појава на депресија и анксиозност.rnrnПодатоците велат дека и мажите и жените изневеруваат подеднакво. Со оглед на тоа што изневерувањето има многу штетни последици, како на лично ниво така и во врската, се поставува прашањето: Зошто сепак луѓето ризикуваат? Која им е мотивацијата за изневерување? Истражувањата ни ги даваат следните осум причини како главни мотиви за неверство.rn

1. Степен на вљубеност

rnПонекогаш послабата љубов во постоечката врска води до вонбрачна врска. Повеќе од три четвртини од паровите изјавиле дека недостатокот на љубов и/или поголемата љубов кон „новиот“ партнер е силна причина за изневерување.rn

2. Здодевност

rnНеверството не е само одговор на некој проблем во постоечката врска, туку и реакција на здодевност. Дури 74% од луѓето сакаат разновидност во врската. За оваа причина се изјасниле повеќе мажи отколку жени.rn

3. Запоставеност

rnСлично како што чувствуваат недостаток на љубов, некои луѓе се впуштаат во неверство поради недостаток на внимание од страна на нивниот партнер. За оваа причина, за разлика од претходната, се изјасниле повеќе жени во однос на мажи.rn

4. Незадоволство

rnНе секој чин на изневерување е резултат на незадоволство во моменталната врска. Дури 70% кажале дека тоа се случило за време на некоја неочекувана ситуација, во која често владеел алкохолот. Најбројни во оваа категорија се мажите.rn

5. Зголемување на самодовербата

rnИзгледа контрапродуктивно, во однос на тоа дека изневерувањето може да има значајни последици на психата, но за некои луѓе тој чин им ги зголемува егото и самодовербата.rn

6. Бес

rnНе е најчестата причина, но лутината игра улога во многу неверства. Многу од партнерите го гледаат изневерувањето како начин на казнување на партнерот или како одмазда.rn

7. Не се заљубени во партнерот

rnНедостатокот на љубов и недостатокот на посветеност кон партнерот создава општо чувство на незадоволство во врската. Дури 41% се поистоветиле со оваа причина.rn

8. Силна сексуална желба

rnОколу една третина од испитаниците изјавиле дека влегле во афера поради нивната сексуална желба. Ова се случува кога луѓето во својата врска не разговараат за своите сексуални желби кои сакаат да ги искусат, па затоа тоа го наоѓаат во некоја друга личност.rnrnНа темата неверство во врската, проверете дали вие сте склони кон микро-неверство.