Здравјето е најнеопходно за правилно животно функционирање. Со други зборови – здравјето е живот. Без него ние не би можеле правилно и нормално да живееме. Нашето тело е доволно паметно во борбата со различни напаѓачи, и исто толку паметно за да ни сигнализира кога нешто не е во ред со нашиот организам.rnМногу луѓе од недоволна информираност ги игнорираат одредените симптоми и со тоа си го загрозуваат сопственото здравје. Не дозволувајте да се најдете во таква ситуација бидејќи на тој начин ќе си го спасите животот. Никогаш не ги игнорирајте следниве 15 симптоми!rnrn
rn
1. Притисок во вилицата
rnБолката во градите не се јавува секогаш кога некој доживува инфаркт. Притисокот или болката во вратот, екстремниот умор и мачнината исто така можат да бидат симптоми за инфаркт. Веднаш побарајте помош ако имате некој од овие симптоми.rn
2. Отечени усни
rnУсните што отекуваат или ве чешаат може да бидат знак на анафилакса – смртоносна алергиска реакција. Отечените усни и јазик можат да ги затворат дишните патишта и затоа одма треба да се побара помош.rn
3. Отежнат говор
rnОтежнатиот говор или „мешање“ на зборовите можат да бидат знак за мозочен удар. Други симптоми што можат да се јават се „паѓање“ на едната страна од лицето, вкочанетост на едната страна од телото или неочекувана силна главоболка.rn
4. Ненадеен блесок на светлина
rnАко овој симптом ви се јави одеднаш, треба што побрзо да појдете на доктор. Можно е да постои оштетување на мрежницата, а доколку не се реагира навреме може да дојде до трајна загуба на видот.rn
5. Нокти што изгледаат „чудно“
rnБледите нокти се поврзуваат со анемија, срцеви проблеми или болести на црниот дроб додека сините нијанси на ноктите можат да покажуваат дека немате доволно кислород, а тоа да укажува на проблем со срцето или белите дробови.rn
6. Промена на ракописот
rnЗвучи банално, но ако ракописот ви се променил, односно ако пишувате поситно, покрупно или значајно полошо од претходно, тоа може да биде знак за невролошки проблем како Алцхајмерова или Паркинсонова болест, па дури и тумор на мозокот.rn
7. Болка во папокот
rnПроблемите со варењето или стомачниот вирус се чести проблеми, но ако болката во папокот не престанува после неколку часа, тоа може да биде знак на воспаление на слепото црево, воспаление на жолчката, опструкција на цревата или чир.rn
8. Кашлање во текот на ноќта
rnАко постојано кашлате во текот на ноќта, а притоа не се лекувате од настинка, ако немате астма или нешто слично, ноќното кашлање може да биде ран знак на срцеви проблеми. Можно е да се собрала течност во белите дробови, а кога лежите подолг временскиот период таа предизвикува кашлање.rn
9. Ужасно силна главоболка
rnСилната главоболка којашто пациентите ја опишуваат како „најсилна што некогаш сум ја почувствувал/а“, која се јавува ненадејно може да биде знак за крвавење во мозокот, пукање на крвни садови, мозочен удар или менингитис.rn
10. Вкочанетост во едната рака
rnЧувството како некој да ве боцка со игли на едната рака кое трае подолго од 30 минути, особено ако е проследено со вртоглавица или мачнина, може да биде симптом на срцев удар.rn
11. Претерано потење во текот на ноќта
rnОсвен ако не сте во менопауза, ненадејното претерано потење во ноќта не е нормално и може да биде симптом на рак на цревата, лимфома или леукемија.rn
12. Брзо се заситувате, а малку јадете
rnГубењето апетит може да биде ран знак за рак на јајниците, особено ако покрај него се јавува и надуеност, болка во карлицата или притисок, како и проблеми со мочниот меур.rn
13. Модрици
rnВо повеќето случаи модриците се целосно безопасни, но ако постојано ви излегуваат и не можете да ги поврзете со ништо, можат да бидат знак на недостаток на витамини К или Ц, но и леукемија и болест на црниот дроб.rn
14. Константен рапав глас
rnАко тој трае подолго од 3 недели, а вообичаено гласот не ви е таков, тоа може да биде знак за гастроезофагеален рефлукс – кога киселината се враќа од стомакот до хранопроводот и го иритира грлото. Рапавиот глас може да биде и ран симптом на канцер на грлото.rn
15. Необјасниво губење на телесната тежина
rnАко не сте направиле никаква промена во исхраната и во вежбањето, а сепак значително губите тежина, треба да одите на лекар – ова може да е симптом на повеќе здравствени проблеми вклучувајќи и некои видови рак.rnrnИмајте на ум дека ова се само можни симптоми и не треба да бидат искористени за самите да си поставите дијагноза. Ако одредени симптоми траат подолго одошто треба тогаш задолжително е да отидете на лекар или да викнете брза помош. Запомнете ја изреката која вели – подобро е да се спречи отколку да се лечи. Навременото откривање на некоја болест спасува животи.rnrnДознајте кои психички симптоми можат да се појават за време на менопауза.