Постојат многу причини за важноста на духовноста во животот на човекот. Доколку сте во потрага на подлабоко значење на животот и сопственото постоење, погледнете ги следните причини за важноста на духовното живеење, само по себе или како додаток на религиозните убедувања.rnrn
rn
Живот со значење
rnДуховноста или потрагата по нешто свето, ги мотивира луѓето да станат подобри личности. Размислувањето за тоа кои сте како личност, ќе ви ги прошири знаењата за значењето на човековото постоење, воопшто. Исто така, ќе успеете да го разберете животот, надвор од физичкиот свет. Можеби ќе развиете и свои објаснувања за вашата цел во животот и така полесно да дојдете до остварување на сопствените подлабоки, лични потреби.rn
Надеж за безнадежните
rnВерувањето во нешто поголемо од себеси, ви дава верба и во најбезнадежните моменти. Духовните обичаи и учења им помагаат на луѓето да се излечат од натрупаната болка и гнев. Еден истражувач на оваа тема рекол: „Ако во моментите на неуспех, си дадеме до знаење дека тоа е дел од заедничкото човечко искуство, тогаш неуспехот станува момент на заедништво, а не на изолација. Кога низ сопствените болни искуства минуваме со помислата дека слични работи им се случиле и на безброј други луѓе, тогаш истите полесно ги поднесуваме.“rn
Ослободување од стрес
rnМолитвата или медитацијата ве ослободуваат од стресот, а ви влеваат внатрешен мир. Преку медитацијата умот се релаксира, а духот развива чувства на смиреност и хармонија. Кога личноста ќе развие чувство на внатрешна удобност и благосостојба, тешкотиите со кои се соочува во секојдневниот живот ќе имаат многу мало влијание врз однесувањето. Исто така, се верува дека медитацијата и сличните активности, ги намалуваат депресијата, дијабетесот и останати хронични болки.rnrn
rn
Правење подобри избори
rnВо повеќето случаи, духовноста ги бодри луѓето да бидат подобри личности. Тоа ќе ве мотивира да се храните поздраво и да го правите сето она што е најдобро за вас. Генерално, духовноста создава сочувство спрема светот воопшто. Ова пак ќе ви помогне да ги направите вистинските избори во животот, а да ги одбегнувате оние кои би ви создале негативни чувства.rn
Среќа и исполнетост
rnЗадоволството кое произлегува од сознанието дека сѐ се одвива според некаков план, создава чувство на смиреност и исполнетост. Всушност, духовните луѓе така и размислуваат. Тие се оптимистични и се прифаќаат онакви какви што се. Ваквиот став ја зголемува среќата, а ја намалува загриженоста. Кога ќе бидете задоволни со сето добро и лошо што ви се случува, конечно ќе сфатите што значи да се биде среќен, без разлика на надворешните околности.rn
Намален страв од смрт
rnДуховните луѓе не се плашат од смртта. Некои веруваат во реинкарнација и задгробен живот и тоа им создава некаква надеж. Треба да го прифатите она во кое сте одлучиле да верувате. Духовноста ќе ви помогне да бидете сигурни дека на овој свет сте живееле најдобро што можете и дека сте подготвени за наредната фаза.rnrn
rn
Заедништво
rnДуховноста спојува различни луѓе со различни гледишта на животот на едно место. На пример, јогата е дисциплина која е заедничка за хиндуизмот, будизмот и џаинизмот. Иако тоа е така, денес е прифатена и применета од луѓе и од многу други, различни вери. Желбата за душевен мир и физичка сила е она што сите ги спојува, а тоа е и уште едно од главните обележја на духовното живеење, воопшто.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.